Здраво гориво за динамични денови

zdravo-dinamicni-denovi-1.jpg

Ако сте уште еден од милионите љубители на слатката храна, како што се чоколадото, вафлите и палачинките, тогаш знаете дека истите задоволства негативно  делуваат на здравјето и можат да доведат до непосакувано зголемување на телесната тежина. Во свет кој честопати наликува на трка со времето, понекогаш сѐ што сакате е да посегнете по некој вкусен десерт што истовремено заситува, но и дава чувство на задоволство. Но, обврските на динамичниот животен стил не може да бидат изговор за консумирање нездрави и брзи оброци, и затоа, достапноста на здрави ужини постојано расте.

Со цел да се намали притисокот од стресот на динамичното живеење, нутритивната наука ја дефинира совршената здрава ужина како „богата со протеини, а со минимално ниво на шеќери и заситени масти“. Иако кога размислуваме на протеини, првата слика која ја формираме е од месо. Но, благодарение на развојот во прехранбената индустрија, денес, протеините можеме да ги внесеме преку разноразни форми и вкусови, кои не ја намалуваат ефикасноста при апсорпција на протеинот, а овозможуваат практичност и разновидност.

„Ги одбрав протеинските топчиња од Виталиа затоа што се вкусни, невообичаени и ме заситуваат. Претходно, навика ми беше да јадам чоколада измеѓу оброци, но одлучив да ја направам промената откако сфатив дека повеќе енергија добивам од топчињата. Од друга страна, откако ќе заврши со тренинг, мојот партнер ми бара протеинско топче бидејќи протеинскиот состав му помага при вежбањето.“вели Ивана (31) од Скопје.

Протеинските топчиња на Виталиа доаѓаат во три вкусови: темно чоколадокикиритки и суво грозје, како и црвено овошје. Сите три вида се засладени со целосно природни засладувачи како сируп од урма и јаворов сируп. Оттаму, консумацијата на производи со високо ниво на протеин овозможува чувство на енергичност, како и зајакнат имунолошки систем; клучни области кои го прават динамичниот животен стил возможен.  Така на пример, темното чоколадо, кое е една од главните состојки на протеинските топчиња на Виталиа, има голема улога во подобрување на работата на срцето, а доколку денот ви е сив, ја зголемува количината на ендорфини; невротрансмитери чие ниво е директно одговорна за вашето расположение.

zdravo-dinamicni-denovi-2.jpg

Заклучно, во име на здравјето, немојте да се скратувате со уживање во слатките ужини. Напротив, заменете ги со протеинските топчиња на Виталиа и дозволете си да се соочите со динамиката на денешницата со залак енергија.

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Јелена Спенџарска слави 2 години љубов со Лукас: „Животот ми е сменет откако побара да му бидам дево... „Кога поминаа 2 години? Мене ми се како 20 години и 2 минути во исто време. Мног...
Струмичанецот Марјан Петров беше поканет на Модната недела во Париз: „Ме разочара Ирина Шајк“ „На Модната недела во Париз имав можност да се запознаам со светски познати моде...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg