Insta Café - Духот на Скопје
- Детали
- понеделник, 16 декември 2019
Insta Café е сместен во центарот на ноќните случувања во Скопје, на поранешна „Ленинова“, сегашна „Аминта 3-ти“.
Овој кафе-бар му даде нова димензија на ова популарно подрачје со својот модерен ентериер, најдобри коктели, префинет звук и најновото вкусно кафе што ги преплавува социјалните мрежи.
Совршено кафе за кафегурманите, свежи цедени сокови, богата гама на квалитетни вина од најпознатите светски региони, пијалаци, врвни коктел мајстори, одлична музика – сето ова е само дел од она што може да допре дури и до најпребирливите, до оние кои знаат што е најдобро.
Со Ripples кафематот уживањето во омилениот пијалак добива нова димензија на задоволство. Кафе какво што ќе посакаш, селфи со другарката, quote, фотографија од тебе, емотикон... Ама баш се што ќе замислиш - сите форми и забавни облици.
Тука можете да дегустирате разноврсни коктели, затоа што во Insta Cafe работат едни од најдобрите скопски бармени. Ќе бидете воодушевени од нивната умешност во креирањето на магија во чаша.
Урбан момент, забава, муабет, деловни состаноци... Со спојот на различностите се создава најдоброто.
Несекојдневните содржини, автентичноста, урбаноста и добро препознатливата локација на Insta Café ќе Ве привлечат постојано да се враќате каде се чувствува духот на Скопје.