Марко Луис „Beskraj Tour by Barcaffe“ вo Скопје
- Детали
- петок, 22 ноември 2019
Талентираниот музичар Марко Луис со новит сингл "Нинана" го најавува третитот серијал на регионалната турнеја со насловот "Beskraj Tour by Barcaffe".
Засега ќе посети девет градови, а прва следна дестинација е Скопје. Концертот во Скопје ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на 28 ноември во склоп со музичката конференција Pinmusic.
Скопската публика на 28.11.2019 година, за прв пат ќе има прилика да ги слушне песните од трите албуми на Марко Луис. Марко со својот претходен бенд MaraQY соработуваше со Македонскиот рапер и уметник Тони Зен, со кого во 2011 година одржаа заеднички концерт во Унивезалната сала во Скопје.
„Тони и Јас сме многу добри пријатели и кога ја подготвувавме песната “ГОВОР ТЕЛА“ многу се дружевме и многу често доаѓав во Скопје. Многу го засакав Скопје и среќен сум што на Македонската публика ќе им ја претставам мојата музика“ - изјави Марко.
Видео од новата песна Нинана:
Марко го најавува неговиот четврти студиски албум кој ќе се вика СЛОБОДА. Музиката за песната Нинана ја напиша Марко Луис а аранжманот е направен во соработка со неговиот кум Никола Јездич. Текстот го напишал Стихомир Клепич, член на Сараевската група Helem Nejse со кои Марко веќе неколку години соработува и твори. Спотот за новата песна е анимиран и илустриран од страна на талентираната Катерина Бачевич која ја раскажува оваа слатка, но на крајот тажна љубовна приказна. Катерина го режираше и илустрираше спотот додека Никола Филипович беше задолжен за анимација и монтажа. Нинана е една малку поразлична љубовна приказна, како што Марко Луис ја објавува на социјалните мрежи и така ги привлекува луѓето да го одгледаат спотот и да ја ислушаат песната.
Покрај новата песна која е во издание на PGP Марко Луис на Youtube ги објавува своите концертни снимки под насловот "Marko Louis Espresso Session by Barcaffe" со кои воедно го најавува и почетокот на својата Балканска турнеја. Марко на овој концерт ги представи своите познати песни во поинакво светло со акустична изведба, интимен амбиент со кафе и колачи.
Овој проект ми е еден од омилените кои до сега ги припремав. Посебно е чуството кога ги изведуваш песните со голем бенд со гудачки состав. Песните добија нова димензија, а нема ништо поубаво кога публиката е на метар од тебе и ја чувствуваш и гледаш секоја емоција изјави Марко.
Третата сезона на регионалната турнеја успешно започна на 15 и 16 ноември во Бања Лука во Народниот театар на РС и после тоа следи првиот концерт во Македонија на 28 ноември во МКЦ ,Скопје. На 29 ноември патот продолшува за Ниш во Дом Војске и потоа на наше големо задоволство концерт ќе се одржи во Сомбор во Народниот театар.
Продолжува бескрајната турнеја и секоја година посетувам повеќе градови. Многу сум среќен што сум во можност да ја делам мојата музика, енергија и емоција со публиката ширум бивша Југославија. Наскоро ќе ги објавам датумите за градовите Нови Сад, Сарајево, Љубљана, Загреб и Белград. Партнер на ова регионална турнеја е Barcaffe espresso кој ја продолжува традицијата, дава поддршка за развојот на културата не само во Србија, туку во целиот регион.
Единствениот спој на добра музика и врвно експресо "Beskraj Tour by Barcaffe" ќе донесе нова доза на позитивна енергија и ќе го спои регионот со убави музички тонови и ароми на espresso кафе.