Атлантик и PharmaS потпишаа купопродажба на Dietpharm
- Детали
- среда, 30 октомври 2019
Атлантик Група продолжува со стратегијата на дезинвестирање на non-core дејностите и фокусирање на главните категории и брендови и целна интернационализација на портфолиото.
Загреб, 30 ноември 2019. – Атлантик Група и PharmaS Group денеска потпишаа договор за купопродажба на компанијата Fidifarm, во чија сопственост е водечкиот хрватски бренд за додатоци во исхраната Dietpharm. PharmaS, покрај целото портфолио и вработените на Fidifarm, ќе го преземе и Multivitа, регионалниот бренд на додатоци во исхраната во сопственост на Атлантик Група, чиј производ Multivita витамин Ц е лидер во сегментот витамини Ц во шумлива форма на рускиот пазар. Во 2018 година, Fidifarm оствари приход од продажба во висина од 9,4 милиони евра, додека Multivita во истиот период оствари приходи од околу четири милиони евра. Склучувањето на трансакцијата се очекува кон крајот на годината.
„Атлантик Група со продажбата на Fidifarm продолжува со стратегијата нa дезинвестирање нa non-core сегментот на работење. Се работи за успешна компанија со квалитетни брендови кои со додадениот фокус имаат уште поголем потенцијал на пораст. Во Pharmas најдовме партнер кој ги препознава и вредноста на брендот Dietpharm и луѓето кои стојат зад него, како и просторот за дополнителен развој на работењето, што нè прави исклучително задоволни со оваа трансакција. Атлантик Група продолжува со фокусирање на развојот на своите главни категории, со потрошувачот во центарот на сите деловни активности“, истакна потпретседателката на Атлантик Група зa Деловен развој и стратегија Лада Тедески Фиорио (Lada Tedeschi Fiorio).
„Многу сме задоволни што на успешната приказна за развој на PharmaS ќе им се придружат брендовите Dietpharm и Multivita. Вредноста на брендот Dietpharm со децении е позната во Хрватска и во регионот и е во фокусот на нашиот иден развој. Веруваме дека со нашата посветена работа со тимот на Fidifarm уште повеќе ќе ја зголемиме силата на ова портфолио. Со оваа аквизиција се зајакнува позицијата на PharmaS на пазарот на регионот во рамките на Consumer Health Care работењето, со што ја покажуваме насоченоста на компанијата кон двете наши програми, рецептна и безрецептна. PharmaS и понатаму ќе се води со стратегијата која ќе се фокусира на иновативните формули во развојот на своите производи“, коментираше претседателот на Управата на PharmaS Група Јерко Јакшиќ.
Атлантик Група од почетокот на минатата година имплементираше стратегија на фокус на своите главни категории и брендови, за да ја задржи и подобри нивната релевантност кај потрошувачите. Во тој контекст се насочува и кон понатамошниот развој на интернационализација на работењето, со фокус на брендовите кои докажаа меѓународен потенцијал и чии позиции ги верификуваа потрошувачите. Покрај главните категории на трговски марки за широка потрошувачка составени од кафе, деликатесни намази, програмата за слатко и солено, компанијата се фокусира и на понатамошниот раст и развој на дистрибуцијата како важен дел од работењето, и ланецот на аптеки Farmacia. Токму овој сегмент во директна комуникација со потрошувачите е одличен пример за начинот на кој се гради и валоризира односот со купувачот на производите и со примателот на услуги.
PharmaS Група денес е втора по големина генеричка компанија во хрватското аптекарско работење, минатата година го зајакна своето рецептно портфолио со аквизиција на на хрватскиот огранок Ciple, a oваа година заокружува 10 години работење. Во безрецептниот сегмент 2018 година ја одбележа отворањето на рускиот пазар и продажбата на преку 2 милиони пакувања на производи од сопствениот развој (ProBalans и ProBalans baby). Oваа година PharmaS склучи глобален договор со американската компанија Abbott за извоз на портфолија во преку 60 земји од светот, а со новата аквизиција компанијата продолжува со фокус на ширење на работењето во Consumer Health Care сегментот во регионот и на интернационалните пазари, зајакнувајќи го својот тим со врвни експерти и производи.