„Знам дека и горе ќе најдеш некоја сигурица за играње“ – Ќерката на Џаро и познатите од регионот се збогуваат од него

Некои со сопствени анегдоти од средбите со него, а некои со краток поздрав... Славните личности од Македонија и регионот, меѓу кои Весна Петрушевска, Калиопи, Жељко Самарџиќ, на социјалните мрежи се простуваат од легендарниот менаџер и „крал на фудбалските местенки“, Велибор Џаровски – Џаро.

poznatite-vo-regionot-se-prostuvaat-od-djaro-zbogum-legendo-na-balkanot-01.jpg

Откако беше објавена веста дека денес (25.04) на 75 години по кратко боледување почина Велибор Џаровски – Џаро, легендарен менаџер, голем број од познатите личности од регионот објавија последен поздрав до него.

Познато е дека Џаро во својата кариера организирал повеќе од 5.000 концерти, а повеќето музичари му беа пријатели со кои соработуваше.

poznatite-vo-regionot-se-prostuvaat-od-djaro-zbogum-legendo-na-balkanot-03.jpgфото: Инстаграм - Естрадни Архив

Веста за неговата смрт е пренесена во повеќе балкански медиуми, каде се споделуваат повеќе податоци за неговата богата кариера, но и за анегдотите од животот и фудбалските местенки за кои тој отворено зборуваше.

Како познатите се простија од балканската легенда?

„Легендо... Беше еден и единствен... Секое минато со тебе, ќе остане да се прераскажува, да се памети... Џаро наш... А мислевме, сѐ може да замине, само ти не... Сочувство до семејството... Калиопи и Ромео“ – напиша Калиопи.

View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

„Беше задоволство што те познавав и што соработував со тебе. Збогум легендо на Балканот“ – напиша пејачот Жељко Самарџиќ.

„Ти знаеше цело време колку добра и посветена ќерка имаш, твојата Вики, внуците, зетот за кого не пропушташе да кажеш некоја досетка.

Те знам цел живот, прво како некој кој беше тука околу миксетите на сите концерти на Кале. Во 1983 свиреа „Бјело дугме“, имав 13 години и сакав автограм од Бреговиќ.

Горан така ми се сврте и ми вели: ‘Немам време, не се потпишувам!’

Јас мала се свртев и си тргнав. Туку едно време вика некој по мене: ‘Мала, мала врати се!’

Јас се вртам позади, да не има некоја друга ‘мала’, тој вели:

‘Ти, ти!’

Се вратив и Џаро му вика на Горан: ‘Ово што си сад урадио детету, немој више никада да радиш. То ти је посао.’

Ми се потпиша Горан, јас среќна и мојот херој беше Џаро.

Кога пораснав се дружевме многу, беше и во „Вртелешка“, неговите приказни немаа крај.

Џаро бејб организирај еден концерт горе, имаш добро друштво. Слава ти, бејб! Те сакам, редок лик“ – напиша Весна Петрушевска.

https://www.instagram.com/reel/C6Lq2FooyR1/

„Почивај во мир Џаро...“ – напиша јутјуберот Стефан Лазаров.

poznatite-vo-regionot-se-prostuvaat-od-djaro-zbogum-legendo-na-balkanot-02.jpg

„Патувај, Џаро легендо“ – напишаа Дац и Александар.

„Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 во капела во Ѓорче Петров“ – напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

„Почивај во мир најдраг учителу Џаро. Сите кои се занимаваме со естрада, спорт и бизнис имаме свои спомени и симптични анегдоти кога ќе спомне Џаро. Јас имав среќа во 1991 година Џаро да ја слуша мојата емисија на Студентско радио и после некое време кога се отвори првото приватно радио - КМРСКАЈ негов услов и желба да дојде да води емисија била да направам трансфер од Студентско радио во КМР и во недела пред неговата да оди мојата емисија од 8-12 часот.

Со другар ми Сале Димиќ, Дејан Цветковски и Рака Мариќ, во недела сабајле дојдоа кај мене пред зграда и со симпатична лажга ме однесоа во радио на првата емисија на Џаро на радио. Се сеќавам дека мајка ми излезе пред влез и му вика- немој случајно некоја превара на детево да направиш или да влезе у касино од малери нема глава да дигнеш. 

После емисијата ми вика од денеска ние сме неделна екипа на радио - имаш уште 2 термина во вторник и четврток работи си слободно..

Јас во тоа време имав 19 години и по некое време Џаро го организираше првиот Оскар на популарноста во 1992 година (во тоа време Македонија беше оаза на мирот, а таа вечер Џаро ги донесе најпопуларните од Ју естрдата во Скопје).

Јас бев првиот асистент, со многу различни функции таа вечер од шофер, бекстејџ, доделувач на награда на Здравко Чолиќ, до координција на плејбек касети и евакуација на неколку звезди од универзална.

После неколку години, кога го отворив „Радио Бубамара“, ми кажа - мали добро ти оди, те бива, направи нешто како Оскар ама во твој стил.

И така почнав со првата Златна Бубамара во 1998 година.

Сѐ друго е историја и убави спомени…

Џаки, ти благодарам за поддршката и шансите кои ми ги даде како многу млад, да бидам дел од организација на големи музички настани и подршката низ сите овие години. Вечна слава“ - напиша Ранко Петровски.

Почивај во мир најдраг учителу Џаро😢 Сите кои се занимвавме со естрада, спорт и бизнис имаме свои спомени и симптични...

Posted by Ranko Petrovik on Thursday, April 25, 2024

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg