Се снима четвртата сезона од „Преспав“ – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија

Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-01.jpg

Започна снимањето на четвртата сезона на „Преспав“ која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век и најголем успех. Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор, за што продуцентот Пеце Талески, изјави:

„Со МРТВ заеднички работиме на развој и унапредување на македонската телевизиска продукција и се надевам дека ги поставуваме стандардите за годините што следуваат.“

Емитувањето ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.

„По измината успешна сезона, со која Преспав докажа дека е особено позитивен пример во македонскиот медиумски простор, МРТВ и оваа година застанува зад омилениот ТВ продукт на публиката и му отстапува prime time на првиот канал на Македонската телевизија“ - изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.

Првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-02.jpg

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-03.jpg

Идејата и концептот за „Преспав“ се на Елеонора Венинова и на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режираат: Игор Иванов - Изи, Вардан Тозија и Георги Унковски. Сценаријата ги пишуваат: Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева и младите сценаристи Артин Селамани, Игор Трајковски и Огнен Неделковски. Директор на фотографија е Дејан Димески, а монтажер и супервизор на звук е Сашко Потер Мицевски. Костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, автор на сценографијата е Снежана Поњавиќ Муча, а шминката е на Ирена Сенокозлиоска.

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...
„Мојот сон стана реалност“ – Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза конечно го доби лекот Т... „Макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност“ – Иг...
Игор Џамбазов позитивен пример за грижата за животните: Jа нахрани кучката Ферхунде „Појадок за Ферхунде“ – Игор Џамбазов објави видео во кое ја покажа својата нова...
Игор Џамбазов по 56 години се сретна со жената што го исчувала: „Тетка Даринка нè научи да бидеме до... „Tетка Даринка нè чуваше со сестра ми кога бевме мали. Живееше кај нас и се гриж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg