Признание за Витаминка за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

(Прилеп, 08.04.2019) - Витаминка од Владата на Република Северна Македонија доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

priznanie-za-vitaminka-za-opstestvena-odgovornost-i-promocija-na-semejnite-vrednosti-01.jpg

Признанието го прими Претседателот на одборот на директори, Симон Наумоски кој истакна дека ова, пред сè е заслуга на Генералниот извршен директор и младиот менаџерски тим во компанијата. Тој уште дополни дека во Витаминка се воведуваат и други новини со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности.

„Витаминка е предводник во создавање подобри услови за сопствените вработени. Со последните одлуки и иницијативи, покрај скратеното работно време во период од три месеци за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, Витаминка уште воведе и надоместок за трето дете, што претставува уште една мерка со која се подобрува статусот на вработените и се поттикнуваат семејните вредности и успешното родителство“, истакна Наумоски.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на доделувањето истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски. Таа порача оваа иницијатива да биде инспирација и пример за сите останати компании.

Неодамна компанијата со цел заштита на здравјето на вработените и будење на свеста за рана детекција на ракот на дојка, организираше бесплатни ехо прегледи на дојка како и предавања на истата тема.

priznanie-za-vitaminka-za-opstestvena-odgovornost-i-promocija-na-semejnite-vrednosti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Браво! Вработени во скопски маркет згрижија куче скитник и го чуваат на топло во студените денови „Убавицава преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. На...
Трогателна приказна од Македонија: Бебе, со здравствен проблем, било оставено од родителите - жена о... Оваа приказна ќе ве трогне, наежи, згрози, восхити - буквално во вас ќе поттикне...
Даниел Кајмакоски откри дека сопругата е бремена - По два сина ќе добие ќерка Даниел Кајмакоски, кој има син со сопругата Марина и син од првиот брак со Крист...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Живеам во Стојаково - Првомајските трки со коњи, магариња и рачни колички се главен настан секоја го... Зошто да го посетите Стојаково токму на први мај? Зашто тогаш улиците се преполн...
Браво! Детска градинка во Дојран направи велигденски базар за 3-годишно дете со церебрална парализа „Кога можеме ние, можат сите“ – порачуваат од детската градинка „Кокиче“ во Дојр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg