Браво! Детска градинка во Дојран направи велигденски базар за 3-годишно дете со церебрална парализа

„Кога можеме ние, можат сите“ – порачуваат од детската градинка „Кокиче“ во Дојран, каде малкумината вработени со помош на родителите и локалните бизниси успеаја да реализираат хуманитарен велигденски базар, а собраните средства ги донираа за 3-годишното момче Војдан Цветановски кој се бори со церебрална парализа.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-01.jpg

Директорката на градинката „Кокиче“ во Дојран, Љубинка Јанева во изјава за CRNOBELO.com појасни дека во изминатиот период организирале повеќе хуманитарни акции.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-02.jpg

Како што вели, секоја година со вработените си поставуваат различни цели, а оваа 2023/2024 година била посветена на хуманоста.

Во овие акции се вклучуваат малкумината вработени во градинката, но и родителите на дечињата.

„Хуманоста не познава возраст. Наша должност е да бидеме хумани битија, да споделиме, да помогнеме, да дадеме поддршка, да гледаме кон другите со емпатија, почит и разбирање.

Тоа секојдневно ги учиме и дечињата од нашата градинка ЈОУДГ  ‘Кокиче’ - Дојран, дека хуманоста не се кажува, тука се покажува со дело“ – вели директорката.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-03.jpg

Така вработените од оваа градинка, уште минатата година, во соработка со родителите се вклучиле во еколошко-хуманитарната мисија во реализација на Општинската организација на Црвен Крст - Гевгелија.

„Под мотото  ‘Рециклирај и подари живот’,  собиравме пластични капачиња и сè уште собираме за да се набави инкубатор за предвремено родените деца.

Секако продолживме во таа насока, па за Нова година организиравме Хуманитарен Новогодишен Базар, кој беше дел од Новогодишната Бајка која се одржа во паркот во Нов Дојран.

Собраните средства беа донирани во образовниот центар за лица со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија“ – појаснува директорката.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-04.jpg

Сега во пресрет на големиот христијански празник Велигден, иако се малку, вработените во оваа градинка организираа голем хуманитарен базар.

Но, како што велат, целта им била да се соберат повеќе средства и субјекти, па освен што биле понудени изработки од вработените и родителите, во акцијата биле вклучени и повеќе мали бизниси од Дојран.

„Нашиот настан исто беше подржан и од нашиот маестро, еден и единствен и секогаш спремен да помогне и подаде рака Игор Џамбазов и градоначалникот на општина Дојран господинот Анго Ангов.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-07.jpg

Сите собрани средства се донирани на Војдан Спасовски.

Но, секако ние не застануваме. Со голема желба и елан ќе продолжиме да помагаме и да даваме поддршка секому кому му е потребна“ - вели директорката.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-05.jpg

Инаку, малиот Војдан е предвреме родено бебе, кои првите 70 дена од животот ги поминал во инкубатор, борејќи се за сопствениот живот, а подоцна добил и дијагноза за церебрална парализа.

bravo-vrabotenite-od-detskata-gradinka-kokiche-vo-dojran-so-humana-akcija-za-3-godishno-dete-so-cerebralna-paraliza-06.jpg

Со цел да му помогнат на своето дете, неговите родители секој месец го носат во приватна клиника во Загреб, но иако оваа терапија значително му помага, родителите не се во можност да ги издржат огромните финансиски трошоци.

Со таа цел тие апелираа во јавноста за помош, а токму вработените од детската градинка „Кокиче“ во Дојран се потрудија да соберат колку е можно повеќе средства и да им помогнат во борбата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Вработени во скопски маркет згрижија куче скитник и го чуваат на топло во студените денови „Убавицава преку ден е внатре, навечер спие на топло помеѓу двете врати. На...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Тамара со децата и со саканиот Лука во Дојран: „Еден викенд во август“ Водени лудории во базен со поглед на Дојранското Езеро. Семејно гушкање и убави ...
Даниел Кајмакоски откри дека сопругата е бремена - По два сина ќе добие ќерка Даниел Кајмакоски, кој има син со сопругата Марина и син од првиот брак со Крист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg