Трогателна приказна од Македонија: Бебе, со здравствен проблем, било оставено од родителите - жена од Крушево го израснала

Оваа приказна ќе ве трогне, наежи, згрози, восхити - буквално во вас ќе поттикне лавина од емоции. Но, среќни сме што постојат луѓе како Олга (името е измислено поради заштита на идентитетот) во Македонија!

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-01.jpg

Ќе прочитате една драматична и трогателна вистинска животна приказна за момче од Македонија кое целиот живот го поминува во бескрајна борба.

Борбата произлегува од товарот кој му е ставен на грб, уште со самото негово раѓање, кога неговите биолошки родители ќе го остават во болницата после неговото раѓање.

Приказната со нас ја сподели Катерина Алексова Наумова од Свети Николе и ова е приказна која дефинитивно нè трогна.

Животот уште од првата минута не го гали, се раѓа со дијагноза spina bifida, а неговото главче е поголемо во сооднос со неговото бебешко тело.

Спина бифида е состојба која влијае на 'рбетот. Обично е видливо при раѓање. Тоа е еден вид дефект на невралната туба. Спина бифида може да се случи насекаде по должината на 'рбетот, ако невралната туба не се формира правилно или не се затвори до крај. Кога невралната туба не се затвора до крај, 'рбетот што го штити 'рбетниот мозок не се формира и затвора. Ова често резултира со оштетување на 'рбетниот мозок и нервите.

Биолошките родители не се спремни за да се борат со него и го оставаат на милост и немилост на лекарите. Некои од нив со грижа на совест успеваат барем некоја помош да му дадат, со тоа што ќе го оперираат и ќе му вметнат пумпа во главчето за да ја исфрли водата од главчето.

Но, тоа не е неговата единствена аномалија, оштетени му се нервите за моторички способности, а подоцна ќе се дознае дека ниту може да зборува, ниту да оди.

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-03.jpg

По операцијата на главата ќе биде однесен во домот за доенчиња во Битола каде ќе престојува три години.

По три години ќе биде згрижен од жена од Крушево, која не се знае од кои причини не може да му ги пружи сите здравствени услуги.

По нејзината смрт ќе влезе во прегратките на Олга која до ден денес се грижи за него.

Олга е сопруга, која го губи сопругот од тешката болест цироза, мајка на две прекрасни ќерки, кои момчето Боки го сметаат за свој роден брат. Жена со големо срце која во моментот кога го згрижува јунакот на приказната, веќе има згрижено две девојчиња кои биле злоставувани од родениот татко.

Боки за неа станува центар на светот.

Нивното патешествие започнува со многу битки - операција на главата за да проговори и да му се исполни желбата да оди на училиште. Па, следува операција на нозете и рехбилитација за да може да се движи со помагала.

Но, најголемата битка ја имаат со функцијата на бубрезите.

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-02.jpg

Боки е олицетворение на сета болка и неправда која животот може да му ги даде на едно дете.

Неговото име е синоним за светлина и повторно раѓање. Затоа тој постојано ќе ја следи светлината и од секоја битка во која влегува ќе излезе како победник заради силната волја, издржливоста и бескрајната љубов на Олга, која силно го зеде во нејзината прегратка и не го пушти.

Со неа проживеа многу лоши и многу добри работи.

Нејзината мајчинска љубов кулминираше, кога неговите биолошки родители не сакаа да му помогнат, со тоа што му го даде својот бубрег само за да може синоокото момче да продолжи да живее.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg