Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трогателна приказна од Македонија: Бебе, со здравствен проблем, било оставено од родителите - жена од Крушево го израснала

За него, Олга го напушти својот дом во Крушево и замина да живее во Охрид за да може да го носи на хемодијализа.

За него стори многу повеќе од она што се очекува да стори обично човечко суштество, со него плачеше, со него се радуваше.

Две декади од животот оваа жена ги минува на релација Охрид – Крушево - Скопје.

По успешната трансплантација на бубрегот која се направи во Турција, Олга и Боки живеат во Охрид.

Тој сега е момче на деветнаесет години и е ученик во средното угостителско училиште во Охрид. Но, заради состојбата не е во можност да посетува настава редовно, па испитите ги полага вонредно, но секогаш успешно.

Неговата желба е да стане рецепционер во некој елитен хотел на охридското крајбрежје.

Животот носи секакви судбини. Детето отфрлено од родителите, љубовта и семејството ги најде кај жена која го сакаше, еднакво како своите сопствени деца, жена која многу работи жртвува за него, а тоа единствено може да ѝ возврати само со бескрајна љубов и почитување.

И кога неговата биолошка мајка се покаја и бараше средба со него, тој децидно ја отфрли со зборовите:

- Јас имам една мајка, а тоа е Олга!

И никогаш не посака да ја види. Па, дури и ако ја види од Боки ќе ја добие како врела шлаканица вистината за нејзиното мајчинство.

Ако одите во Охрид и видите момче со длабоко сини очи и светла коса, со капче кое го штити од сонцето во топлите денови, кое со свирење се вози на мотоцикл покрај кејот, знајте тоа е нашиот јунак со огромно херојско срце, полно со горчина нанесена од животот.

Целата приказна можете да ја прочитате во романот „Другата страна на животот“ од Катерина Алексова Наумова во издание на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје.

trogatelna-prikazna-od-makedonija-bebe-so-zdravstven-problem-bilo-ostaveno-od-roditelite-zhena-od-krushevo-go-spasila-05.jpg

Авторката на овој емотивен роман Катерина Алексова Наумова вели:

„Олга е прекрасна жена со лавовско срце, која две и пол години ми ги отвори вратите на нејзиниот дом додека работев во Крушево.

Никогаш не изгубивме контакт и секојдневно сме во комуникација и со неа и Боки.

Самото постоење на момчето и неговата бескрајна храброст ме натера да го преточам неговиот живот во книга која треба да биде лекција за секого и да ги отвори очите на општеството какви сè судбини има на деца, кои се длабоко маргинализирани од него.

Мислам дека по ова писание ќе се разбуди свеста кај поединци и кај општеството за ваквите деца!“

Катерина Алексова Наумова работи како наставник по македонски јазик во ООУ „Даме Груев“, во село Ерџелија.

Секојдневната комуникација и постојаниот контакт со децата кај неа го буди интересот за местото на децата во општеството, а најмногу на оние „посебните“.

Пишува поезија и проза во која најчеста експлоатирана тематика е животот.

Има издадено две збирки поезија „Корени“ - 2023 година, „Димензии на животот“ - 2024 и романот „Другата страна на животот“ - 2024 година, на кој имаше промоција на 25-ти септември 2024 во нејзиното родно Свети Николе.

Доколку ве заинтригира приказната за ова момче и неговата мајка, книгата можете да ја купите за 350 денари преку порачка директно кај авторот преку порака на нејзиниот Фејсбук профил.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Приказна со среќен крај: Гордана, која го крена цело Скопје на нозе, го пронајде своето исчезнато ку... „Накратко сакам да ви кажам дека јас сум медицинска сестра во старата Градска бо...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg