Виз Ер Скопски маратон преку партнерство со GivenGain цели кон поддршка на оние кои им треба помош

Донирајте за СОС Детско село, Момент плус или Проект среќа преку Виз Ер Скопски маратон на www.givengain.com за само 30 секунди.

wizz-air-skopski-maraton-preku-partnerstvo-so-givengain-celi-kon-poddrska-na-onie-koi-im-treba-pomos-001.jpg

Скопје, (25.03.2019) - Оваа година за илјадниците учесници, но и за тие кои сакаат да помагаат, Виз Ер Скопски маратон одлучи да ја надгради хуманоста во Македонија со отворање на партнерство со глобалната платформа за донации GivenGain. Воедно, преку официјалниот веб сајт www.givengain.com секој може да донира за СОС Детско село, Проект среќа или Здружение на лица со пулмонална хипертензија - Момент плус за само 30 секунди.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, ја користи оваа можност и соработка со цел да направи што е можно поголем социјален импакт во државата. Покрај охрабрувањето луѓето да спортуваат и да го негуваат своето здравје, организаторот го користи своето влијание за поттик на донирањето. Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон за можноста вели, „Имаме обврска кон нашата заедница. Ние сме луѓе кои сме цврсто уверени и убедени дека напредокот на светот во кој живееме зависи од нас. Секојдневно ги бараме начините како да го постигнеме тоа и затоа ни е екстремно драго што како Виз Ер Скопски маратон го најдовме најефективниот и најбрз начин да им се помогне на тие кои им е потребно.“

Покрај самата директна донација, сите кои ќе учествуваат на Виз Ер Скопскиот маратон можат да креираат своја страна за поддршка на некои од трите здруженија и да ги повикаат своите пријатели да им помогнат во нивната поставена цел за собирање на средства. Креирањето на повик преку GivenGain е многу едноставен:

- посетете ја официјалната страница на  Виз Ер Скопски маратон на GivenGain на https://www.givengain.com/e/wizzairskopjemarathon2019/

- избирате ‘Start fundraising’ за да се регистрирате со Facebook или Google

- избирате една од партнерските добротворни организации за поддршка

- додавате ваша слика/порака, таргет за собирање на средства и кратка приказна за тоа зошто собирате средства

- го споделувате вашиот линк за проектот за собирање на средства и ги охрабрувате и вашите пријатели и познаници

„Време е промената која ја посакуваме да дојде од нас. Донирајте, лајкувајте и споделувајте. GivenGain е нашиот чекор, па Ве повикуваме да биде и вашиот.“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg