Винаријата Бовин освои златен медал на најважниот американски вински натпревар
- Детали
- среда, 23 мај 2018
Црвеното вино My Way 2011 од Бовин прогласено за едно од најдобрите на светот.
Избрани квалитетни вина од целиот свет, како и од САД и Канада беа оценувани на интернационалниот вински натпревар одржан во Рочестер, Њујорк.
25 експерти од 8 земји, реномирани сомелиери, енолози, винари, дистрибутери и вински новинари оценуваа повеќе од 1.000 вина од 26 држави. Црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин беше прогласено за едно од најдобрите на светот освојувајќи највисоко златно признание. Неговиот полн богат вкус со комплексни ароми на црно зрнасто овошје, во комбинација со чоколадни тонови, одлежано во дабови буриња предизвика силни емоции и вистинско задоволство кај стручното жири, кои без двоумење му дадоа највисоки оцени.
На истиот натпревар вината на Бовин A'GUPKA – 2012, како и DISSAN Barrique 2016 освоија бронза, додека Бовин Imperator се искачи на едно скалило повисоко и освои сребро, исто така во категоријата на црвени вина.
Вината се оценуваа според светски стандардизирана скала од 100 точки на Меѓународната организација на вино (OIV) врз основа на највисоките професионални критериуми.
Станува збор за исклучително признание за винаријата „БОВИН“, резултат на континуираниот развој и напорна работа за да се создадат вински брендови со врвен квалитет. Денес Бовин е современа винарија, со обрани лозови насади, современата технологија, и посветен и стручен тим. Винаријата и во иднина ќе учествува на реномирани интернационални вински натпревари со цел дополнително да ги промовира своите вина.
Вообичаено вината кои стекнуваат признанија на американскиот вински натпревар, важат за високо квалитетни вина, и по добиените награди стануваат барани на пазарите на САД и Канада. За производителите тоа претставува силна препорака во освојувањето на конкурентниот американски вински пазар. Вранецот со етикета My Way од Бовин е направен од касна селектирана берба од 2011 година од сопствени дехидрирани гроздови од специфична локација на надморска височина од 700 метри. Од лозови насади стари повеќе од 50 години, кои со годините мутирале и успешно се прилагодувале на сите временски услови, за да преку контролирана ферментација се добие полно вино, робусно, кое веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба. Го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња. Поради комплексноста се препорачува да се комбинира со силни црвени меса, и десерти од црно чоколадо.