Акцијата FEED YOUR BRAIN со настан во Штип - “Нахрани го својот ум” со Бранко Огњановски, Снежана Лупевска и Жан Митрев
- Детали
- петок, 30 март 2018
На 03 април во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, со почеток од 15 часот, ќе се одржи третиот настан од акцијата Feed Your Brain или “Нахрани го својот ум”, на кој како говорници кои ќе ги мотивираат и инспирираат младите од Штип и околината, се:
- БРАНКО Огњановски - основач, режисер и сценарист на хумористичното ТВ шоу К-15, еден од основачите на К-15 продукција, креатор и уредник на порталот panika.be, и автор и извршен продуцент на ТВ емисијата "Фчерашни Новости"
- СНЕЖАНА Лупевска Созен - најдобар новинар во истражувачкото новинарство во Македонија, автор и продуцент на емисијата "КОД", и уредник во ТВ Телма
- ЖАН Митрев - најпознатиот и најдобриот кардиохируг во Македонија, основач, сопственик и главен менаџер на Специјалната болница "Клиника Жан Митрев"
Целта на акцијата “Нахрани го својот ум” е преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат. Настаните се бесплатни и ќе се одржат на четирите универзитети во државата - „Кирил и Методиј“- Скопје, „Универзитет на Југоисточна Европа“-Тетово, „Гоце Делчев“- Штип и „Климент Охридски“ – Битола.
Модератор на сите натани ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.
Сите заинтересирани за настанот на 03 април, може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/forms/BiB94bDWpxErNTMf2
Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата “Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.
Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.
Повеќе информации за Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst