Закон за пушење - мислење?
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2010
Пушењето е штетно по здравјето. И вашето и на околината. Предупредувањата од типот “пушењето го успорува крвотокот“, “ве прави...
...стерилни“ или “е канцерогено“ очигледно не помагаат во борбата против пушењето.
Но, едно американско итражување покажало дека доколку напишете дека “пушењето ве прави непривлечни за останатите“ ова ќе допре до главата на пушачите.
Навистина е глупаво ако привлечноста е поважна од здравјето.
Кај нас од 1.01.2010. стапи во сила законот против пушење. Во многу земји веќе се спроведува.
Колку ќе потрае ќе покаже времето. Сега за сега, навистина е убаво кога на раат ќе може да си испиете кафе без да се вратите дома умирисани на цигари (ни криви, ни должни).
Какви се вашите први впечатоци за новиот закон?