Принова во семејството на детскиот хирург д-р Симеонов: „Трето па машко, ти ќе бидеш нашиот херој“
- Детали
- среда, 20 март 2024
Семејството на детскиот хирург д-р Ристо Симеонов и д-р Камелија Симеонова, детски психијатар, стана побогато за уште еден член.
Тие вчера му посакаа добредојде на синот Миха чие доаѓање на свет ги усреќи сите, а најмногу постарите сестри Мелисија и Леона.
„Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој“ напиша докторот на социјалните мрежи, по што следуваа честитки од многубројните пријатели и следбеници.
https://www.facebook.com/risto.simeonov/posts/pfbid037WXzwNa83mjQRJ9DwTRXDLY6E4aspiBVHUs2BkdnSJQXwQmGrWWumw6JG3TpHKBcl
Доктор Симеонов, кој за македонската јавност е познат како прв детски хирург кој во Македонија направи трансплантација на бубрег кај дете, неодамна го видовме и на Златна Бубамара на популарноста каде ја додели наградата за најдобра етно песна на Давид Темелков.