Објавен победникот на „Сосема моја Македонија“

Првиот креативен натпревар за брендирање на нашата земја „Сосема моја Македонија“ во организација на Бизнис академија Смилевски и првиот глобален бренд од Македонија, компанијата за маркетинг и односи со јавност PWorld го доби својот победник.

objaven-pobednikot-na-sosema-moja-makedonija-01

После неколку месеци планирање и реализација, собирање на идеи од македонските студенти, изборот на интернационалните судии од конференцијата Marketing Kingdom падна на Антониј Караџоски.

Од мистичната убавина на адетите во Галичката свадба, па се до неискористениот потенцијал за елитен туризам кој природата го расфрлила преку Охридското езеро, Караџоски заслужено од светските експерти за маркетинг и односи со јавност си ја доби титулата најкреативен македонски студент кој овој месец ќе биде дел од конференцијата „Marketing Kingdom“.

Благодарение на учеството на овој натпревар ќе добие единствена можност да се запознае со светски познатите менаџери од брендовите на Mashable, Spotify, Coca Cola, Nokia, Airbus, Heineken и многу други кој ќе бидат дел од „Marketing Kingdom“ во организација на PWorld.

„ Ни најмалку не ја очекував оваа наградата, затоа што својата идеја ја испратив на еден ден пред крајот на натпреварот. Долго размислував што сакам да претставам од својата земја, за на крај да се одлучам за една интересна комбинација помеѓу моите омилени локалитети и настани во Македонија. Повторно ќе кажам дека не ми се верува дека јас сум победникот кој ќе ја има шансата да се запознае со сите светски менаџери на Marketing Kingdom и оваа моја победа сакам да ја упатам како порака до сите млади да не се плашат да сонуваат. Нека се осмелат и да ги остварат своите соништа затоа што никогаш не знаеме од каде ќе започне сонот да ни се остварува. Еве мојот започна од денеска.“- изјави за медиумите Караџоски, кој со молив ја брендираше нашата земја и нејзините скриени потенцијали за промоција пред светската јавност. Токму несекојдневниот начин на претставување на една земја единствено со молив е и креативниот пристап кој го донесе до победа.“

objaven-pobednikot-na-sosema-moja-makedonija-02

Од Бизнис академијата Смилевски и PWorld сметаат дека судиите го направиле вистинскиот избор и изразија желба овој натпревар да стане традиционален, па секоја година светските менаџери да дознаваат за креативните македонски студенти.

Би можело да ве интересира:

Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg