Музиката за три филма номинирани на Интернационалниот фестивал на филмски музички критичари е снимена во Македонија
- Детали
- среда, 12 февруари 2014
Здружението на меѓународните филмски музичките критичари (IFMCA) ја објави својата листа на кандидати за најдобри музички достигнувања во 2013 година.
Меѓу нив се наоѓаат и номинации за музички остварувања кои беа снимени минатата година од страна на македонскиот симфониски оркестар „Фејмсˮ.
Номинациите се однесуваат на музиката за документарецот „Ана и Алет“ чиј композитор е Марк Рајан Кандасми (Mark Rayen Candasamy), потоа музиката за телевизиската серија „El Tiempo Entre Costuras“ компонирана од страна на Сезар Бенито (César Benito) како и номинацијата за најдобар композитор за Г-динот Laurent Eyqem, кој воедно е и најчест посетител на студиото М1 во МРТВ каде што работи со симфонискиот оркестар „Фејмсˮ.
Овој симфониски оркестар е основан пред повеќе од 7 години од страна на француската продукциска компанија позната како „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian Music & Entertainment). Сместени во просториите на Македонското радио и телевизија под раководство на господинот Лорен Копитс и неговата сопруга госпоѓата Насју-Мопа, кои се воедно и директори на компанијата, реализирани се фантастични музички проекти за композитори и продуценти од целиот свет.