Еден на еден: Слаткар - Осуден сум иако не сум крив
- Детали
- петок, 06 декември 2013
Според она што го гледаме во најавата поставена на YouTube, новата епизода од шоуто Еден на Еден никако не смееме да ја пропуштиме! Не чека одлична емисија со Марко Маринковиќ Слаткар, Драган Величковски Тајзи и Виктор Петров Викса.
Во неа Слаткар искрено и отворено зборува за казната условен затвор која ја добил поради физички напад и кажува дека истото никогаш не очекувал да се случи.
"Осуден сум на три плус една година. Никогаш не знаев дека можам да пријавам, мислев дека ќе биде никому ништо. Тие пријавиле во полиција, мене ме осудија, а доколку истото го направев јас, тие ќе беа осудените" - вели Марко.
Освен деталниот опис на тоа што се случило ноќта поради која Слаткар е осуден, со Жаре ќе зборуваат и за деновите пред да биде славен, останатите членови од рап дружината Токсикологија, музиката воопшто, разделбата со Јован Јованов и започнувањето сопствена продукциска куќа која сега го потпишува Тајзи и сл.
"Кога видов дека има 300 000 прегледи на YouTube веднаш најдов број и му се јавив" - вели Марко за тоа како ја почнал соработката со Драган.
Во вториот дел од емисијата гостин на Жаре е секогаш интересниот Викса. Овојпат ќе дознаеме многу нови и интересни работи за него како тоа дека пет години од најраното детство поминал во болница во Белград поради проблеми со пулсот.
"Таму немаше луѓе за дружење, па морав да читам стрипови, играм карти, табла, шах. Да си кажувцам вицеви со стари луѓе и го развив тоа што го викаме фантазија" - открива Викса.
Воедно, тој бил и еден од неколкуте деца од целиот свет чиј живот бил спасен од верувале или не НАСА, односно нивната фирма-ќерка, Метроник.
Се на се, извонредна нова емисија од Еден на Еден. Гледајте ја оваа недела на Алфа, во 19.40h