Слатките задоволства од „Европа“ во новогодишно руво
- Детали
- петок, 30 ноември 2012
Во пресрет на новогодишните празници фабриката за чоколади, вафли и бонбони „Европа“ подготви специјален дизајн на своите производи.
Следејќи ги светските стандарди „Европа“ го промени изгледот на старите производи, но во исто време на пазарот ќе понуди и сосема нови производи.
Асортиманот на фабриката е збогатен со новогодишно млечно чоколадо со лешници „Дедо Мраз“. Добро познатите крем банани, како и бонбониерите „Хармони“ и „Симфони“ добија нов дизајн и се совршен сладок подарок за новогодишните празници.
Исто така „Европа“ подготвува и прекрасни изненадувања за најмладите. Од Царството на слатките пристигнуваат пакетчиња какви што би посакало секое дете.
Нов дизајн, нови слатки изненадувања за Новата година.
Новите производи се достапни во сите маркети и специјазирани продавници на „Европа“ по старите цени.
Се разбира, приказната не завршува тука. Во новата 2013 година Ве очекуваат голем број нови изненадувања од „Европа“.
Следете ги сите слатки доживувања овде.