Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ја направи ‘На Велигден’ од Џокси и на Велигден си замина“ – Естрадата се збогува од Тоше Поп Симонов

„Твоите генијални текстови  ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња. Е па мајсторе, друже мој...со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите“ - напиша Дарио во емотивната објава по починувањето на Тоше Поп Симонов, а и другите колеги и пријатели се збогуваа од него на социјалните мрежи. 

ja-napravi-na-veligden-od-djoksi-i-na-veligden-si-zamina-estradata-se-zboguva-od-toshe-pop-simonov-01.jpg

Вчера, на 19 април 2025, на 63-годишна возраст, престана да чука срцето на познатиот музичар, композитор и продуцент Тоше Поп Симонов.

„Замина на ден пред Велигден, симболично потсетувајќи ја сцената дека една од најпеените песни во овој период од годината, „На Велигден“ – заедно со Џина Папас Џокси ја снимија и комплетираа во студиото на Тоше“ - напишаа од Златна Бубамара на популарноста. 

Во текот на својата долгогодишна кариера, тој соработувал со голем број домашни и регионални музичари, меѓу кои Тоше Проески, Дарио Панковски, Џина Папас Џокси, Фрајле и многу други пејачи и групи од музичката сцена.

Неговите пријатели, колеги и соработници, скршени од болка и неверување, потсетувајќи се на тоа колку голем човек бил приватно, но и професионалец во својата работа, се збогуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Погледнете дел од нив:

Дарио Панковски

Денес завршува еден огромен дел од македонската музичката историја. Почина ТОШЕ ПОП СИМОНОВ. 

Продуцент, композитор, текстописец, аранжер, гитарист, гениј, музички иноватор и магионичар...

Мојот драг другар ТОШЕ, најинтелигентната и најдуховитата скопска личност што сум ја запознал во целиот мој живот...харизма, шарм и душа широки колку цел универзум.

Мајсторе, ја имав таа чест да те познавам и да се смеам со тебе, да снимаме бескрајни часови и ноќи во твоето студио, а создадовме толку многу песни...толку албуми.

Твоите генијални текстови ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња.

Е па мајсторе, друже мој...со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите.

НЕКА ТИ Е ВЕЧНА, ВЕЧНА СЛАВА!

Петар Ренџов

Тоше Поп Симонов - вечна слава Друже, Господине, Маестро!

Твојата музичка интелигенција , философија и предаденост низ огромниот опус кој го оставаш , ке ја греат душата на Македонија!

Не постои музичар, обичен, филмски, писмен, неписмен, ѕвезден, урбан, естраден , рокер, џезер да не поминал низ твоето студио, да не бил потпомогнат од твојата естетика во творештвото, да не јадел, пиел и спиел покрај миксетата .

Сите си ги ислушал а надежите талентот и душите што ги оставале си ги претвораил во музичко богатство!

Денес кога заминуваш оставаш длабока празнина во мојата душа !

Воедно би сакал да го изразам разочарувањето што не беше препознаен и искористен од државните институции како силен и влијателен обединител-носител-столб на музичките и културни вредности !

Почивај во мир!!!

Зоран Љутков

Со длабока жалост ја примив веста за загубата на познатиот музички автор, композитор и продуцент - Тоше Поп Симонов.

Неговото животно дело и страст за музиката оставија неизбришлива трага во македонската култура.

Неговите дела не само што нè допреа, туку и стоплија милиони срца, а соработките со бројни изведувачи ќе останат запаметени како златни мигови во историјата на музиката.

Тоше, твојот талент, посветеност и креативност ќе живеат вечно преку твоите дела. Нека ти е вечна слава!

Џина Папас Џокси

Се разбудивме со тажна вест. И еве 7 саати не можам да се соберам да напишам проштална реченица. Треба да бидам со ладна глава? Е ајде, биди...

Почина Тоше Поп Симонов. Автор на музика, аранжман, продуцент.

Мојата соло кариера почна со Тоше на Макфест 1989, "Сојла", "Изгубено богатство" (1991), "Побарај ме со песна" (1993, дует со Жаклина Стевковска), "Револт" (2007) ...

Тоше е автор на аранжманот на Велигденската химна "На Велигден" прифатена од широките народни маси.

Ете, таков беше Тоше, сЕ она за што ќе се нафатеше да сработи, завршуваше со хит, и не само тоа.

Длабок наклон и со огромна почит пријателе, ти тоа го залужуваш.

Почивај во мир. Сочувство до фамилијата.

Џокси

ja-napravi-na-veligden-od-djoksi-i-na-veligden-si-zamina-estradata-se-zboguva-od-toshe-pop-simonov-02_copy.jpg

Петар Георгиевски - Камиказа

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за на век.

Не задолжи сите кои соработувавме со него! Секогаш спремен да помогне, да се најде за се нешто, токму во правиот момент, кога мислиш дека цел свет ти пропаднал! Тоше беше секогаш тука и невозможното го правеше возможно! Ти благодарам друже за се!

Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но..... Но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне.

Немам сили да пишувам повеќе бидејки секој збор што ќе го напишам е премал за се она што го направи за сите нас.

Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу звездите една беседа и песна и да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!!

Погребот ќе биде во вторник од 11 и 30 до 12 и 30 во капела на градските гробишта во Скопје. До семејството искрено сочуство за огромната загуба!

 Не можам повеќе, прости ми мајсторе, а имам цели фермани да пишам, едноставно...

ja-napravi-na-veligden-od-djoksi-i-na-veligden-si-zamina-estradata-se-zboguva-od-toshe-pop-simonov-03.jpg

Весна Петрушевска

ja-napravi-na-veligden-od-djoksi-i-na-veligden-si-zamina-estradata-se-zboguva-od-toshe-pop-simonov-03_2.jpg

Драган Б. Костиќ

Колку те молев да се видиме, колку те молев да седнеме на муабет како некогаш, да ти кажам, да ми кажеш, да се фалам да ме кудиш, роден сум спроти Твојата куќа, речиси те знам од дете, нескротлив борец за поарно од арно, речиси го знаев секој твој проект од зародиш, Те знам подобро од секој кој мисли дека те знаае, одобрував неодобривливи нешта, затоа што знаев дека можеш да ги направиш.

Кога здравјето ми одеше удолу Твоите совети, ме креваа, со мисла "Тоше знае...", Знаеше се, за други, ама недоволно и за себе.

Не верував дека оваа болка нема да ја надминеш.Сега, со оваа болна вистина сваќам зошто не сакаше да се видиме, за да не ја видам твојата болка и немоќ да ја надминеш.

Не верувам дека не беше свесен за состојбата, но како и се, се обидуваше да го свртиш на својствен начин.

Не се лути ама ке го објавам последниот разговор...... „КАКО СИ? САМО ДА ПРАШАМ. ЗА ЕДЕН ДРУГАР...“

Toshe

Требаше утре да правам дупла операција, да ги смениме рскавиците на двете колена одеднап и ајт, у последен момент ми откажаа ради некоја микробактерија у урина, сеа таа треба да се третира антибиотски, па тек после се ова, полуден сум као препелица. 

ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ТИ ПОМИНАВ ПОКРАЈ КУЌАТА, АМА МИ СЕ СТОРИ ДЕКА ВО НЕА НЕМА НИКОЈ... 

Батали тоа за куќата, не ми се збори за тоа. 

Стварно нема никој, делуваше многу запуштено кога дојдов до вратата, па си помислив да нема некое куче...

Toshe Pop-Simonov
батали...


Баталив. Ама Тебе никогаш нема да те баталам.Ке ми бидеш светлата ѕвезда на мое минато. Кое никогаш нема да го заборавам. Би можел да напишам уште милион зборови, ама очите ме издаваат.И солзите во нив.

До некои други времиња и средбите во нив....

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Тоше Зафиров и сопругата Габриела фит и мускулести уживаат на плажа во Мексико Тоше Зафиров (47) роден е во Тимјаник, село во општина Неготино, а започнал со б...
Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Кр...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg