Биба Додева го прослави 50-тиот роденден со сопругот, ќерката и внукот: „Коренот ми е во Скопје, иако и во Загреб најдов пријатели“
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
Биба Додева која веќе извесен период живее во Хрватска, за CRNOBELO.com вели: „Си дојдов во Скопје да прославам, бидејќи иако и во Загреб стекнав пријатели, сепак оние најблиските ми се тука. Коренот ми е тука. Другарите ми се тука. Децата ми се тука. Не се слави без нив“. На роденденот е и нејзината омилена личност во животот - внукот од ќерка ѝ, Хумберто Александар.
Биба Додева (родена на 14 април 1975 година во Скопје) го прослави својот роденден во еден скопски локал во друштво на саканите.
Познатата пејачка и некогашна претседателка на здружението „Борка“, кое се залагаше за борба против ракот на дојка и подигање на свеста за оваа болест, блеска со насмевка на прославата која беше во Скопје, иако Биба веќе извесен период живее во Загреб, Хрватска. Здружението не постои повеќе од 2 години.
„50, добре ми дојдовте“, напиша Биба и објави фотографии од роденденската прослава на социјалните мрежи, на која имаше торта во форма на гитара.
Биба Додева е мајка на Емануела и баба на внукот Хумберто Александар, кој го доби од ќерка си. И тие беа присутни на прославата.
Во 2022 година, Биба стапи во брак со Срѓан, нејзина љубов од 2011 година, со кого животот одново ја споил.
Со неа се и нејзините верни пријатели, кои ѝ се најголема поддршка во секој животен миг.
Биба за роденденската прослава за CRNOBELO.com вели:
„Тортата ми е од кумата, бела гитара, како онаа на која компонирам песни, кои оваа година планирам да ги објавам.
Славев со моите најблиски кај мојот другар Шоте во „Бифе Тафталиџе“. Само кај него можам да имам таква приватност и убава атмосфера, бидејќи и тој ми е вистински другар и знае колку ми е важна приватноста.
Си дојдов во Скопје да прославам, бидејќи иако и во Загреб стекнав пријатели, сепак оние најблиските ми се тука. Коренот ми е тука. Другарите ми се тука. Децата ми се тука. Не се слави без нив“.
Повеќе фотографии од прославата:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





