Македонец споделува апел: „Седум дена поштедете нѐ од вашите селфиња, кафиња и патувања“
- Детали
- петок, 21 март 2025
„Да, разбирам дека животот продолжува понатаму... Меѓутоа, во оваа седумдневна жалост, неприфатлива ми е помислата на објавување фотографии, видеа од тоа како некој убаво си поминува или си го тера бизнисот“, споделува Јован Илиески.
Младиот македонски автор Јован Илиески сподели апел до сите, кој веќе неколку дена откако почнаа деновите на жалост во Македонија кружи, но апел кој, за жал, има и такви кои не го почитуваат.
Кај нас се прогласени 7 дена на жалост, а во тие денови постојат правила кои треба да ги почитуваме.
Виралната објава гласи:
„Граѓани на Македонија
Да, разбирам дека животот продолжува понатаму и сите тие реденки што доаѓаат со тоа.
Меѓутоа, во оваа седумдневна жалост, неприфатлива ми е помислата на објавување фотографии, видеа од тоа како некој убаво си се проведува или си го тера бизнисот и било што.
Едноставно е неприфатливо. Седум дена поштедете нѐ од вашите селфиња и кафиња и патувања. Без разлика кој како ја доживува оваа историска трагедија. Без разлика на тоа, во името на повеќето, аман, издржете.
Издржете седум дена, можете?
Фала“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





