Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК се прости од колегите: „Замина дел од моето второ семејство, остана пепел и празнина“
- Детали
- четврток, 20 март 2025
„Си замина дел од моето второ семејство, со нив и душава моја“ – се огласи Ана, вториот придружен вокал на ДНК, која заедно со Сара две децении заедно настапуваше на голем број македонски концерти, па за неа напиша: „Даденце мое, ќе те сакам додека дишам, а ќе болиш секој ден“.
Ана Костадиновска е вториот придружен вокал на ДНК, покрај Сара Пројковска, која трагично го изгуби животот во пожарот во Кочани, заедно со поголемиот број членови од бендот.
Mеѓу жртвиве, беа Андреј Ѓорѓиески од ДНК, но и пратечкиот вокал на бендот, Сара Пројковска, музичарот Мартин Бит Бокс, и музичарите од бендот Ѓорѓи Горѓиев кој свиреше на тапани, клавијатуристот Филип Стевановски и гитаристот Андреј Коларов, фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше секаде и уште многу други млади деца, кои вечерта биле гости во клубот.
Освен Ана, кобната вечер, несреќата ја преживеа и Владимир Блажев Панчо, кој моментално се наоѓа во болница, а за неговата состојба нема нови информации.
На социјалните мрежи се споделуваат и молитви за побрзо закрепнување на еден од гитаристите, Горан Тонев.
постара фотографија од настап на Ана и Сара со ДНК
Ана и Сара беа неразделно дуо цели две децении и заедно пееја придружни вокали на огромен број македонски пејачи, на настапи и концерти, а како што велат колегите - без нив две и нивниот неверојатен талент и глас, ниту една песна не би звучела онака како што звучи.
Тие беа блиски и приватно, како неразделни сестри, а на денот на погребот на настраданите во Кочани, Ана собра сили и ѝ посвети објава на Сара, па на нивна заедничка фотографија напиша:
„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа. Ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден...“
На својот Фејсбук профил, Ана објави фотографија од членовите од бендот, а се прости и од нив, кои за неа беа како второ семејство, бидејќи ги следеше на сите настапи заедно со Сара.
„Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина... А, кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ“.
M. M. | Црнобело / фото: Фејсбук
Би можело да ве интересира:





