„Говориме различен јазик, но плачеме исто“: Средношколци од Тетово со моќно видео по трагедијата во Кочани
- Детали
- вторник, 18 март 2025
Со наведнати глави, црни балони и испишани пораки на рацете, тие ја испратија најсилната порака - дека трагедијата обединува, а болката ја чувствуваме сите подеднакво.
По страшната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во која загинаа 59 млади лица, учениците од средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, снимија кратко видео со моќна порака: „Зборуваме на различен јазик, но плачеме исто“.
Седнати во дворот на училиштето, тие им оддадоа чест на загинатите во пожарот во Кочани.
Со наведнати глави, црни балони и зборови испишани на рацете, тие уште еднаш ја испратија најсилната порака - дека трагедијата обединува, а болката ја чувствуваме сите подеднакво.
Погледнете го нивното моќно видео:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





