Пар од Хрватска е воодушевен од Македонија: „Не е ни Берлин, ни Париз - Скопје е“
- Детали
- вторник, 11 март 2025
„Прва станица Скопје. Запознавме прекрасни и многу љубезни луѓе. Се сликавме со статуи. Минувавме мостови. Јадевме превкусна храна. Повторно јадевме. Тешко е тука да не се јаде многу...“, споделуваат Јана и Иван од Хрватска за Скопје, а потоа го претставуваат Охрид преку нивниот објектив.
Јана и Иван се брачен пар од Хрватска и тие го водат порталот „Svjetski Putnik“, на кој ги документираат своите патувања.
Овие патувачки блогери неодамна престојуваа во Македонија со своите деца, а на нивниот Инстаграм профил, како и на сајтот, споделија и впечатоци.
Тие на Инстаграм споделија:
„Македонија
Прва станица Скопје.
Зедовме и водич.
Запознавме прекрасни и многу љубезни луѓе.
Дознававме неверојатни приказни.
Се дружевме со кучиња.
И мачки.
Се сликавме со статуи.
Минувавме мостови.
Два дена талкавме низ градот.
Јадевме превкусна храна.
Повторно јадевме.
Тешко е тука да не се јаде многу.
Јадевме и колачи, па мораме пак затоа што се одлични.
Пиевме вино (ок, вина).
Пиевме локално пиво.
Денес одиме во Охрид.
Пијам кафе и чекам жежок бурек“.
Тие објавија фотографии од Скопје и напишаа:
- Не е Сараево...
- Не е Венеција...
- Не е Берлин...
- Не е Париз...
- Не е Турција...
- Не е Прага...
- Не е Лондон...
- Повторно, не е Лондон...
- Поздрав од Скопје!
Но, потоа споделија низа фотографии и видеа од Охрид и открија дека македонскиот бисер буквално ги воодушевил.
Прочитајте што напишаа за Охрид на нивниот сајт ТУКА.
Охрид преку нивниот објектив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





