Миа Костова за анксиозноста: „Лошата мисла може да те одведе до болница, па инфузии, па да видиш бели мантили“
- Детали
- четврток, 06 февруари 2025
„Тијана ме има научено, го има научено и моментот на необрнување премногу внимание на мојата погрешна мисла или на тоа ‘Лошо ми е малку, уф, малку ми се слоши’“, вели Миа Костова и дава моќен совет со сите што живеат со анксиозни личности.
фото: Инстаграм
Миа Костова гостуваше во поткастот „Равенка за успех“ кај Маја Поцевска и проговори за соочувањето со анксиозноста, но и како Тијана, со која се неразделни, реагира во таквите мигови.
Таа испраќа и моќна порака како треба да реагираат луѓето кои живеат со анксиозни личности.
Миа Костова за анксиозноста вели:
„Јас ја правам целата слика како ја слушам Брзата помош, како истрчувам... Јас сум константно во мачење, а симпатично ми е кога луѓево ќе ми пишат „Блазе си ти, колку си позитивна“, а јас навистина не сум.
Ако изгледам позитивно тоа е затоа што многу се трудам, многу работам на себе и многу одам контра тоа што го чувствувам во моментот.
Буквално секое патување ми стартува со тоа дека ќе падне авионот, дека ќе направиме сообраќајка, дека нешто лошо ќе се случи и си викам, не е ова претчувство.
Тијана е позитивец и ме има научено, мислам дека го има научено и моментот на необрнување премногу внимание на мојата погрешна мисла или на тоа „Лошо ми е малку, уф, малку ми се слоши“...
Буквално не реагира и мислам дека тоа е еден добар совет до тие коишто живеат со анксиозни луѓе – да не му обрнуваат многу внимание на моментот.
„Добро, ништо, голема работа, ќе пиеш винце, нешто...?“