Сопругата Македонка го бодреше Игор Карачиќ од трибините - Хрватите влегоа во финале на Светско првенство
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
Убавата Душица oд Струмица, во дресот на Хрватска, го бодреше својот сакан од трибините, па се дружеше со сопругите на другите ракометари. Браво, Хрватите извојуваа неверојатна победа!
Хрватите го живеат својот сон на поле спорт. Вчеравечер (30.01) хрватската ракометна репрезентација храбро извојува победа над Французите и се пласираше во финалето на Светското првенство.
Во текот на мечот се приклучи и поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, кој е во брак со Македонка.
Од трибините таа жестоко навиваше за саканиот.
Станува збор за Душица Карачиќ од Струмица, која има сестра близначка, која исто така е во брак со спортист.
Прочитајте и Германскиот ракометар Кристијан Дисингер се ожени со Македонка (фото)
Убавата Душица во дресот на Хрватска го бодреше својот сакан, кој одлично се покажа на теренот.
Инаку, хрватскиот ракометен голман Доминик Кузмановиќ за Карачиќ изјави:
„Мора да откријам дека Карачиќ уште во автобусот кон салата нè мотивираше. Ни одржа и мал говор и ни порача: ‘Луѓе, не смееме да го загубиме ова денеска!’“