Германскиот ракометар Кристијан Дисингер се ожени со Македонка (фото)
- Детали
- сабота, 24 јуни 2023
По 3 години врска и една година по свршувачката, која се случи минатото лето во Грција, успешниот германски ракометар стапи во брак со струмичанката Марија Андоновска.
Кристијан Дисингер е германски ракометар кој додека играше за нашиот ракометен клуб РК Вардар и живееше во Македонија се вљуби во убавата Марија Андоновска. Марија потекнува од Струмица и по професија е архитект.
По околу 3 години врска, во јуни 2022 на нивниот одмор во Ханиоти, Грција, тој ја запроси токму на нејзиниот роденден, а вчера (23.06.2023) парот стапи во брак.
Марија носеше кратко бело фустанче, а кум им беше рускиот ракометар Тимур Дибиров.
Нејзината сестра близначка Душица Андоновска е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, исто така некогашен играч на Вардар.