Не е сè како на Инстаграм: Ангела од Скопје искрено го прикажува секојдневието на една мајка

„На никој од нас не му се совршени сите денови… Позади сцената има и многу други моменти кои не се толку забавни за споделување, но тука се и се случуваат - секогаш и на сите“, споделува Ангела Костовска од Скопје.

ne-e-se-kako-na-instagram-angela-od-skopje-iskreno-go-prikazhuva-sekojdnevieto-na-edna-majka-01.jpg

Ангела Костовска од Скопје, која по професија е економист, но и горда мајка на две мали деца, преку својот Инстаграм често споделува свои искуства, но и разменува совети со другите мајки од Македонија.

Сега, таа искрено го покажа секојдневието на една мајка, кое не секогаш е така розово како што се прикажува на социјалните мрежи.

ne-e-se-kako-na-instagram-angela-od-skopje-iskreno-go-prikazhuva-sekojdnevieto-na-edna-majka-02.jpg

Нејзината објава гласи:

„Мал потсетник и во 2025 за реалноста. На никој од нас не му се совршени сите денови…

Позади сцената има и многу други моменти кои не се толку забавни за споделување, но тука се случуваат - секогаш и на сите.

Бидете нежни и дајте си време за некои работи кои не ви се прават.

Мене на пример тоа ми е средувањето.

Во одредени денови го ставам на минимум, бидејќи телото ми вика не.

И ако другпат се нервирав зошто алиштата 5 дена ми стојат здиплени (и неприбрани во плакар), сега само гледам како да легнам навреме и да си го земам одморот, кој ми е потребен.

А, тебе мама што ти се случува позади сцената? Ги чекам вашите реални моменти во порака, да си поправиме муабет“.

Потоа, во описите на фотографиите Ангела напиша дека Инстаграм е всушност само еден збир и приказ на убавите моменти, но треба да бидеме искрени и да ѕирнеме и во помалку убавите.

Таа споделува неколку моменти од последните седмици кои досега не ги прикажала, па споделува како по 9 месеци доење, се обидува да прекине, а нејзиното тело се бунтува.

ne-e-se-kako-na-instagram-angela-od-skopje-iskreno-go-prikazhuva-sekojdnevieto-na-edna-majka-03.jpg

Потоа, го споделува купот со здиплена облека, која никако да ја стави во плакарот и која ја користи директно оттаму.

ne-e-se-kako-na-instagram-angela-od-skopje-iskreno-go-prikazhuva-sekojdnevieto-na-edna-majka-04.jpg

Говори за тешкотијата на комбинацијата бебе-тодлер и колку е уморна во одредени мигови и низа други детали од секојдневието на една мајка“.

Нејзиниот искрен приказ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg