Таско и сопругата ѝ направија крштевка на ќерката: „Од Бога благословена, Кирјана“
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2025
Четири месеци по раѓањето на ќерката, нашиот музичар и неговата сопруга Наташа, ѝ направија крштевка на Кирјана.
Музичарот Христијан Тасковски Таско и неговата сопруга Наташа на 25 јануари ја крштеваа ќерката Кирјана.
Крштевката ја направија во црквата Св. Петар и Павле во Скопје, 4 месеци по раѓањето на бебето.
На Инстаграм Стори тие споделија неколку фотографии направени од гостите на крштевката.
„Од Бога благословена, Кирјана“ - пишува на една од фотографиите.
Од црква, тие продолжија на ручек во кафеана. Меѓу гостите, освен семејствата на раперот и неговата сопруга, беа и неколку нивни блиски пријатели.
Еден од нив е и светскиот и европски шампион во кик-бокс, Бобанчо Илиески, кој за Водици, заедно со Таско скокна во Охридско Езеро по светиот крст.
За потсетување, освен ќерката, Таско и Наташа го имаат синот Лукијан, кој за неколку месеци ќе полни 2 години.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“
А. Ј. | Црнобело