Познатите Македонци ни ги открија божиќните традиции: Дац меси лепче, Снеже Велков се капе во море

Павле Камилоски

Од сите празници кои ги славиме, Божиќ е празник на кој најмногу му се радувам.

Фамилијарниот собир во топлиот амбиент на моите родители за мене е од непроценливо значење.

А, со проширувањето на нашата фамилија, овој празник доби уште поголема димензија во моево срце.

Моите родители, сестрите, нивните сакани, моите Ирина и Јосиф, сплотени заедно на божиќната трпеза - тоа е мојата дефиниција за љубов и среќа.

Нашиот заеднички миг во кој наздравуваме за новите предизвици кои ни следуваат во годината што доаѓа, и чувството на возбуда дека сме само на прагот.

Не случајно старите велат „Кај и да си, за Бадник дома да си“. А за патувања, имаме цела година пред нас.

Божиќната трпеза во домот на моите родители е исполнета со најразлични специјалитети од вештите раце на мојата мајка.

Невозможно е да издвојам едно омилено јадење, бидејќи таа жена е чудотворец кога ќе влезе во кујната.

Вкусуваме од сè по нешто, се смееме додека евоцираме спомени и забораваме на времето уживајќи во ритуалите на традицијата.

Како што напоменав, настојувам и наоѓам време за да бидам дома со моите најмили за време на новогодишните празници.

Како и во многу професии, така и во мојата, ангажманите се почести во овој период, но се стремам да најдам баланс.

Би сакал фамилијарната традиција да ја задржам во моето семејство, и да го пренесам негувањето на истата од моите родители на моите деца.

Сплотеноста, хармонијата и мирот кој владее во домот, кршењето на бадниковото лепче, и времето поминато со најблиските на божиќното утро, за мене се непроценливи.

poznatite-makedonci-ni-gi-otkrija-bozhikjnite-tradicii-dac-mesi-lepche-snezhe-se-kape-vo-more-05.jpeg

Лила Филиповска

Многу ги сакам нашите верски празници и многу ги почитувам, особено што во тоа време се собираат и зближуваат членовите на семејството.

Најмногу го сакам Бадник, особено бадниковата вечера, полната трпеза на која се знае што треба да има, очекувањето на најрадосната вест за христовото раѓање и сето тоа ми прави убаво, топло чувство.

Навистина се трудам, и последниве години сакам да сум дома за тие денови, па ако треба да патувам, гледам да го одложам патувањето за пред и после празниците.

Сама подготвувам што можам, нешто и купувам, но го почитувам максимално празникот, бидејќи и потекнувам од семејство кое ги почитува празниците и традицијата.

Додека беше жив татко ми, се собираше целото семејство, јас, син ми, брат ми, некогаш доаѓаше и сестра ми од Шведска.

Па мора да признаам дека иако овие празници многу ги сакам, истовремено ми се и многу тешки, бидејќи татко ми многу ми недостига.

Сеќавањата од детството за овој празник ми се, повторно, поврзани со мојот татко.

Тој имаше обичај трипати да тропне на врата, а кога ќе прашавме кој е, тој да рече: „Дојде Бадникот“. Се сеќавам и на носењето на бадниковото дрвце, на печењето костени.

Мојата работа е таква што ми дозволува сама да се организирам, па со соработниците и во Сител и во компаниите на социјалните мрежи, гледам секогаш да завршам сè до Нова година и потоа да сум слободна дури до Водици и да уживам со семејството.

За крај, сакам да им ги честитам празниците на сите ваши читатели, на моите гледачи и пријатели, да ви посакам здравје и исполнување на желби.

А неколку години наназад моја омилена желба е „Никој да не ни фали и ништо да не нè боли“.

poznatite-makedonci-ni-gi-otkrija-bozhikjnite-tradicii-dac-mesi-lepche-snezhe-se-kape-vo-more-06.jpg

Симон Трпчески

Мислам дека нема ништо поубаво од почитувањето на традицијата за Бадник и Божиќ, кога семејствата се собираат дома, а тоа само по себе си има посебна димензија, полна со смеа и позитивна енергија.

И трпезата е таа што ги зближува луѓето, дури и преку храната која во овој период се подготвува со најголема љубов.

Па кога сите учествуваат во подготвувањето на јадењето и местењето на трпезата, на најубав поприроден начин си ги споделуваат своите чувства.

Кај нас на трпезата за Бадник секогаш имало посно лепче со паричка, ореви, костени... Јас многу сакам костени иако не ги јадам многу често. Неизбежна е и домашната баклава.

А за Божиќ, секогаш има мазник, кој го месела мајка ми. Мене ми е омилен со праз, ама има и со сирење, или комбинација од сирење и праз, за сечиј вкус по нешто.

Па, може да кажам дека трпезата ни е богата, пошто има и сарма, свинско месо, она што треба да има во тие денови.

Иако сакаме да сме дома за празниците, последниве години се случува да отидеме некаде на патување, на чист воздух на планина, на скијање, бидејќи децата се слободни во тој период, а и јас имам помалку обврски.

Но, и да не сме дома, Бадник и Божиќ секогаш го одбележуваме.

Ние дома секогаш славиме и Василица, па тоа е повод за уште едно собирање - кај нас се прават по 2 парички.

Во минатото темпото на живот беше многу поинакво, не само тоа,туку и социјалната димензија.

Она што секогаш ќе ми остане во сеќавање е прославата на именденот ма сестра ми која се вика Божана, па за Божиќ секогаш имавме многу народ, гости, а потоа и за Св. Јован, на им,енденот на брат ми, така што кужата секогаш ни била полна и со џагор и со деца и со возрасни и со песни.

Па така, денес на своите деца јас се трудам да им пренесам некои од тие вредности, да не си ги забораваат корените и традицијата.

Инаку, ако треба да свирам на некој голем празник, како на пример за Нова година, кога сум свирел 2-3 пати, тогаш семејството доаѓа со мене каде и да сум.

poznatite-makedonci-ni-gi-otkrija-bozhikjnite-tradicii-dac-mesi-lepche-snezhe-se-kape-vo-more-03.jpg

Андријана Јаневска

Убава ми е секоја македонска традиција, а за Бадник и Божиќ секогаш сме дома.

На трпезата има посни јадења, риба, посна сарма, костени, гравче... Омилено јадење ми е рибата, би јадела риба секој ден.

Кога бев дете, лепчето го кршевме на Бадник, а и во семејството на сопругот исто така, па и ние ја продолживме традицијата. 

За нас музичарите овој предновогодишен период е напорен, со многу снимања, концерти и ангажмани, но после Нова година до крајот на распустот сум цело време со децата.

После Нова година одиме на зимски распуст во Маврово, па во Лапонија-Финска.

Важна ми е паролата: „Каде и да си, за Божик дома да си“, па, секој Бадник и Божиќ сме дома, со семејството.

poznatite-makedonci-ni-gi-otkrija-bozhikjnite-tradicii-dac-mesi-lepche-snezhe-se-kape-vo-more-08.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј.  и М. М.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg