Тијана, девојката која стои зад носталгичните честитки од Скопје: „Имаме богато архитектонско наследство, а за жал не го вреднуваме“

„Целта ми е преку креативен начин да поттикнам интерес кон тоа што го имаме како богато архитектонско наследство, а за жал не го вреднуваме доволно“ - вели за CRNOBELO.com Тијана, архитектката која стои зад носталгичните честитки со новогодишни мотиви на познати скопски локации. 

tijana-od-kumanovo-za-praznichnite-chestitki-od-skopje-toa-e-moj-nachin-da-go-pretstavam-minatoto-koe-go-romantiziram-01.jpg

Деновиве на социјалните мрежи вирален хит се носталгичните новогодишни честитки на кои се прикажани некои од најатрактивните архитектонски градби во Скопје и неколку други градови, со доза на топлина во самите илустрирани прикази.

Станува збор за илустрации кои се дело на Тијана Стојковска од Куманово, која по професија е архитект, а во слободно време носталгичар за некои подобри минати времиња, како што самата се претставува.

Илустрациите и колажите ги изработува во Photoshop, а за CRNOBELO.com вели: „Можеби тоа е мој начин да го искористам најдоброто од времето во кое живеам, претставувајќи го минатото кое го романтизирам“.

tijana-od-kumanovo-za-praznichnite-chestitki-od-skopje-toa-e-moj-nachin-da-go-pretstavam-minatoto-koe-go-romantiziram-07.jpg

Овие нејзини дела на прва потсетуваат на ретро честитките кои ги купувавме на плоштад, но за разлика од нив, на овие има насликано вистинско богатство и дефинитивно не оставаат никого рамнодушен.

Заљубен пар кој се прегрнува во Порта „Влае“, детски џагор и игра кај старата железничка станица, правење Снешко пред кулите од Градски ѕид, санкање на снег - сите овие моменти кои будат спомени поставени на позадина на некои од најпрепознатливите скопски локации, кои се значајни за македонската архитектура, прикажани низ начин на кој таа ги доживува.

tijana-od-kumanovo-za-praznichnite-chestitki-od-skopje-toa-e-moj-nachin-da-go-pretstavam-minatoto-koe-go-romantiziram-02.jpg

tijana-od-kumanovo-za-praznichnite-chestitki-od-skopje-toa-e-moj-nachin-da-go-pretstavam-minatoto-koe-go-romantiziram-08.jpg

За CRNOBELO.com Тијана открива од каде инспирацијата за овие дела, но и какви ѝ се желбите за во иднина:

„Воедно и една од главните причини за изработка на новогодишни честитки е носталгијата по детството и убавината во споделување желби со блиските луѓе, иако новогодишните честитки не се мој првичен начин на претставување на македонската архитектура.

Во текот на изминативе години имам создадено различни колажи и илустрации кои се моја реинтерпретација на македонската архитектура, начинот на кој јас ја доживувам во комбинација со надреални елементи.

tijana-od-kumanovo-za-praznichnite-chestitki-od-skopje-toa-e-moj-nachin-da-go-pretstavam-minatoto-koe-go-romantiziram-06.jpg

Ваквите колажи беа изложени на мојата прва самостојна изложба „Поинакви архитектонски доживувања“ која се одржа минатата година, во галеријата Pioneri art platform. Целта ми е преку креативен начин да поттикнам интерес кон тоа што го имаме како богато архитектонско наследство, а за жал не го вреднуваме доволно.

Предмет на интерес не ми се само објектите од Скопје, туку од целата земја, најмногу од причина што јас сум по потекло од Куманово, но свесни сме дека најголемото изобилство на вредни примери од архитектурата има во Скопје. Токму затоа и архитектурата во Скопје е најзастапена во моите дела.

Во претстојниот период се надевам дека ќе успеам да создадам нешто ново со фокус на традиционалната и еклектична архитектура, карактеристична за сите градови во Македонија, па којзнае можеби и уште некоја мала изложба“.

Уште неколку нејзини дела од колекцијата новогодишни честитки и колажи на препознатливи локации во Скопје, но и неколку други градови:

Станбен објект на ул. „Орце Николов" - Скопје / Лудјек Кубеш (1952-1954)

Детско одморалиште „Титови пионери" - село Николиќ, Дојран

Скопски саем - Скопје / Славко Ѓуриќ, Благоја Мицевски (1970 - 2018)

Дом на култура - Куманово (1980)

Бензинска пумпа - Охрид / Ѓорѓи Голев (1972-73)

Архив на град Скопје / Георги Константиновски (1967)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М . | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тијана за стравовите во мајчинството: „Вук до свои 2 години зборуваше 'арапски' – никој не го разбир... „Бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Тој зборуваше, но никој не можеше да го...
Кои од познатите личности се родени во Куманово? Дали знаевте дека овие познати личности се родени и детството го поминале во Кум...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg