Адам Лабунски стана татко два месеца откако ја запроси бремената девојка
- Детали
- среда, 20 ноември 2024
Пејачот го прослави раѓањето на ќерката во свој стил, па во локал каде што се собра со најблиските, зеде микрофон и запеа.
Адам Лабунски, пејачот кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и кој важи за еден од најскандалозните во шоуто, стана татко.
Неговата свршеница, Јелена, роди девојче, а парот ѝ го даде името Хана.
Адам откри дека станал татко преку Инстаграм Стори, каде што ги објави честитките од семејството и пријателите за раѓањето на бебето.
Пејачот го прослави раѓањето на ќерката во свој стил, па во локал каде што се собра со најблиските, зеде микрофон и запеа.
Хана се роди околу два месеца откако Адам ја запроси Јелена.
Претходно, на почетокот на летото, парот откри дека наскоро ќе станат родители и направија забава за откривање на полот на бебето.
Јелена е втора свршеница на Адам.
Претходно тој ја запроси Џејлана Дачиќ, на крстарење со брод по Босфорот, во Истанбул, но парот никогаш не се венча.
Погледнете повеќе фотографии од Адам и Јелена:
Прочитајте и Адам Лабунски го покажа мускулестото тело на плажа, откако откри дека чека бебе со саканата (фото)
А. Ј. | Црнобело