Адам Лабунски го покажа мускулестото тело на плажа, откако откри дека чека бебе со саканата (фото)
- Детали
- среда, 31 јули 2024
Пејачот Адам Лабунски позира со бремената партнерка во Улцињ - среќни и заљубени, тие уживаат на плажа, на Јадранот.
Адам Лабунски, пејачот кој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и кој важи за еден од најскандалозните во шоуто, е на одмор во Улцињ, Црна Гора, со саканата Јелена.
На фотките што ги објавуваат, парот позира на плажа, се бакнуваат на зајдисонце, а Адам го покажа своето мускулесто тело.
Тие уживаат во летувањето, само неколку дена откако открија дека ќе станат родители, а потоа направија и забава за откривање на полот на бебето и дознаа дека чекаат девојче.
Јелена, пак, е прекрасна трудница и се чини дека бременоста ѝ годи.
Таа е во петтиот месец од бременоста, а ова е прво дете на парот.
Инаку, пред врската со Јелена, Адам беше свршен со Џејлана Дачиќ, но парот никогаш не се венча.
Повеќе фотографии од Адам и Јелена:
А. Ј. | Црнобело