Се слави Архангел Михаил, познат и како „душевадник“ – Што треба да направите денес?
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Православните христијани го слават свети Архангел Михаил...
Православните христијани денес (21.11) го слават празникот свети Архангел Михаил, во нарадот познат и како Зимски свети Аранѓел.
Станува збор за еден од најголемите празници во есенскиот циклус, што често се слави како слава или како именден. На денешен ден именден слават Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...
Овој празник црквата го востановила за да им оддаде чест на сите ангели, но и на војводата на ангелите, Архангел Михаил.
Архангелот кој е симбол за борбата против злото, на иконите најчесто е претставен со меч.
Тој особено се смета за чувар на православната вера и за борец против верските ереси.
Исто така, постои верување дека тој одредува кому му тропнал судниот миг, па заради тоа,народно во многу краишта во земјава уште го нарекуваат и „Ангел душевадник“.
Во некои краишта во минатото имало обичај на денешен ден да се коле курбан и да се приредуваат гозби за гостите, а во охридско обичајот бил на тој ден да се колат свињите кои специјално биле ранети за зимата.
Според народните преданија, свети Архангел стоел со терзија (вага) и меч пред рајските порти.
Тој на кантар ги ставал добрите дела на човекот и гревовите, па во однос на тоа што ќе претежнело, душата на човекот била праќана во пеколот или во рајот.
Според старите верувања, овој ден предвидувал каква ќе биде зимата, па така какво што е времето денес, така ќе биде во текот на сезоната што следува.
На денешен ден особено е важно да се помолите за здравје за себе и за најблиските, а ако им ги простите гревовите на тие што ви згрешиле – тогаш ќе ви се исполни најголемата желба, сите блиски ќе ви бидат здрави.
Култот кон овој архангел е многу раширен и прифатен кај нашиот народ, а доказ за тоа се големиот број цркви и манастири што го носат неговото име.
Б. С. Б. | Црнобело