Приказна од Македонија: Од предвремено родено бебе од 950g, денес е доктор кој им помага на предвремено родени бебиња

„Jас сум едно од предвреме родените деца (роден во 29-тата гестациска недела со 950g родилна тежина) и завршив медицински факултет“, вели доцент д-р Игор Исјановски, кој денес со нежност прв ги прегледува очињата на предвреме родените бебиња.

inspirativna-prikazna-od-makedonija-od-predvremeno-rodeno-bebe-od-950gr-stana-doktor-koj-pomaga-na-drugi-bebinja-01.jpg

Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство вчера (17.11) со неколку емотивни објави го одбележи денот на предвреме родените бебиња, а една од најемотивните беше онаа за доцент д-р Игор Исјановски.

Од предвреме родено бебе во 29-тата гестациска недела со 950g родилна тежина, тој денес е доктор офталмолог, кој ги прегледува очињата на предвремено родените бебиња.

inspirativna-prikazna-od-makedonija-od-predvremeno-rodeno-bebe-od-950gr-stana-doktor-koj-pomaga-na-drugi-bebinja-02.jpg

Инспиративната приказна за д-р Игор Исјановски:

„Доцент д-р Игор Исјановски е уште едно дете јунак кое пораснало на нашата клиника, но и понатаму останува јунак за сите идни бебиња родени на нашата клиника.

Доц. д-р Игор со својата специјалност на офталмолог, е задолжен прв да го погледне сиот свет во тие мали бистри очиња на овие предвремено родени бебиња.

Како пациент роден на Клиниката за гинекологија и акушерство тој не ги прегледува само овие дечиња, туку им приоѓа со нежност, им зборува со кроткост, ги гледа со восхит. Не постои емоција која не ја доживеал и искажал.

Кога професијата ќе се наметне сама, кога професијата е повеќе од образование и работа, кога професијата не те дефинира како човек, туку човечкото во тебе ти ја дефинирало професијата...

Му благодариме на доц. д-р Игор кој често нè посетува, кој сите мали очиња ни ги проверува, кој ги храбри и родителите и кој ги третира недоносените.

Доц. Д-р Игор е пример и поттик за сите бебиња и сите родители и дека силата не е во мускулите, дека грижата не треба да нè блокира, туку напротив стимулира“.

inspirativna-prikazna-od-makedonija-od-predvremeno-rodeno-bebe-od-950gr-stana-doktor-koj-pomaga-na-drugi-bebinja-03.jpeg

Тој вели:

„17-ти ноември ден на предвреме родените деца. Јас сум едно од тие деца (роден во 29-тата гестациска недела со 950g родилна тежина) и завршив медицински факултет, магистрирав, специјализирав, докторирав и работам на превенција, рано откривање и лекување на прематурната ретинопатија“.

https://www.facebook.com/jzuugak/posts/pfbid035NVyN5VDPzxNjU8ZzGtrkmPuwu1yybNYvrb9W6c6QAkZSqvobXFsU3uKpt6JNNrPl

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg