Викторија Јаначковиќ: „Ќерка ми ја родив на 41 година, а да се биде самохрана мајка значи да се биде жена-борец“
Сите знаеме дека е најдобро да се двајца родители присутни, но ако нешто е грдо, ако работите се измешани, ако постојат мажи кои се однесуваат како жени, јас навистина не би сакала да сум дел од тоа.
Мојот случај не беше да сум во брак, па Никита да дојде на тој начин, па да настанат несогласувања, но апелирам до сите жени кои се мачат од ‘X’ причини да останат со некој под изговор поради децата, веднаш да престанат со тоа.
Тие се дисфункционални семејства. Тие се тажни деца. Само заминете и верувајте ми - ќе се снајдете. Животот секогаш дава нови шанси.
Ако останувате со некој маж заради што ќе кажат луѓето, самите си наштетувате и себеси и на вашето дете.
Инаку, откако Никита постои во мојот живот сè доби поинаква смисла и јас не би менувала ништо.
Ние се радуваме секој ден, ја учам на основни емпатиски моменти, ја учам да биде добро дете, да има база да стане добар човек, да дели со сите сè и да не ги дели луѓето во која било смисла.
Таа е помала верзија на мајка ѝ, вистински Робин Худ. Никита е едно многу среќно дете и тоа ми е најважно.
Патуваме често, таа обожава луѓе и животни и многу ми е мило поради тоа“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело