Христина Пан емотивна една година по лекувањето на ќерката (2) во Словенија: „Требаше да тргнам сама со дете, бев преплашена“

„Пред да тргнеме бев преплашена од резултатите што ќе ги добиеме, од прв лет сама со дете и тоа лет што не те носи на некоја супер дестинација за одмор, туку баш напротив. Петар беше службено отсутен во Америка, Хана ја оставам со бабите, дедото. А јас како сама?“ - напиша Христина Пан, една година откако со ќеркичката Тара беше на лекување во Словенија.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Христина Младенов, која на Инстаграм е позната како Христина Пан, повеќе од една година, заедно со сопругот Петар, се борат со болеста која ѝ беше дијагностицирана на нивната ќеркичка Тара пред нејзиниот прв роденден - Neuroblastoma Metastaticum.

Христина, која е мајка на близначките Хана и Тара, неодамна откри дека чекаат и трета ќерка, па помеѓу големите грижи и стравови низ кои семејството минуваше долго време, конечно имаат повеќе причини за среќа.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-05.jpg

За болеста на Тара (2) дознаа кратко пред првиот роденден на близначките.

По ова Тара беше хоспитализирана во Скопје, а потоа имаше и третмани во Љубљана и во Истанбул.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-2.jpg

Нејзиното лекување е при крај и ќе продолжи в година, кога Тара во Турција ќе ја прими последната терапија.

Сега, една година откако Тара беше на терапија во Љубљана, Христина на својот Инстаграм сподели емотивно видео во кое го покажа патот кој го поминале таа и ќерката.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-06.jpg

Таа ѝ се заблагодари и на својата пријателка, инфлуенсерката Сандра Кирков, која ѝ била столб на кој се потпирала во моментите кога ѝ било најтешко, и кога со Тара морале сами да заминат во Словенија, на патување полно со неизвесност и страв.

Во видеото, Христина сподели снимки од првиот лет на Тара, првата ноќ во хотелската соба во Љубљана каде што девојчето спиело „како плескавица меѓу мама и тете“, од моментите кога Сандра ја разгалувала Тара со подароци, како и од излегувањето од болницата.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-03.jpg

Видеото завршува со забавната игра во центарот на Љубљана, каде Христина и Сандра ја држат малата Тара за рачињата и ја креваат за да „скокне“ неколку метри нанапред, а Христина вели:

„Кога сè ќе заврши, ќе имаме многу поголем скок од овој“.

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-04.jpg

Во емотивната објава, полна со надеж и позитивни мисли, Христина напиша:

„Една година од Љубљана, од оваа гледна точка сега цела таа секирација, после сѐ поминато ми е смешка жива.

А, тогаш... пред да тргнеме, преплашена од резултатите што ќе ги добиеме, од прв лет сама со дете и тоа лет што не те носи на некоја супер дестинација за одмор, туку баш напротив.

Петар во тој момент службено отсутен во Америка, Хана да ја оставам со бабите, дедото... А јас како сама?

И додека се мислев, па ајде може ако не ќе одам со татко ми, колку да имам друштво вака, така...

hristina-pan-emotivna-edna-godina-po-lekuvanjeto-na-kjerkata-2-vo-slovenija-bev-preplashena-shto-kje-odam-sama-07.jpg

И оваа Сандра Кирков, не знам дали ја знаете, истиот ден кога ѝ поплакав, најде карти, обезбеди превоз до Ниш и од таму лет за Љубљана, дојде со нас и на крај ни го направи ова патување баш како да одиме на одмор и шетање (само без плажа).

Малку се ваквите пријатели на број, чувајте ги ако ги имате.

П.С. Извинете, сестра ми беше таму, за да сме во роднинска врска и да ни доаѓа на гости во болница“.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg