Браво! Македонка црта патики, инспирирана од македонскиот традиционален вез

„Македонскиот традиционален вез отсекогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото“, вели Билјана Јуруковски за CRNOBELO.com.

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-01.jpg

Билјана Јуруковски е македонска фотографка и уметница која живее во Австралија, но постојано патува низ светот и низ својот објектив доловува неверојатни сцени.

Нејзините фотографии неретко се наоѓаа во најпознатите светски магазини од типот на „Тhe Guardian“.

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-14.jpg

Но, на нејзината креативност и подготвеност за ескперименти им нема крај, па така сега таа црта на старки.

За CRNOBELO.com открива од каде инспирацијата за ова:

„Со процесот на сликање на текстил се имам сретнато во повеќе земји низ моите патувања и со различни техники. 

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-13.jpg

За прв пат пробав во Бали на една работилница, со посебна техника (батик), каде шемата се прави со восок и се бои помеѓу линиите.

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-08.jpg

Идејата за сликање на старки, а и на други парчиња гардероба не ми е од сега и претходно сум сликала парчиња со различни мотиви. 

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-09.jpg

Додека поминував време со уметник Абориџин во Австралија, кој ме учеше на нивната уметност на сликање со точки, изработив еден пар чизми и два фустани со абориџински мотиви.

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-11.jpg

Македонскиот традиционален вез од секогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки Converse. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото.

bravo-makedonka-crta-patiki-inspirirana-od-makedonskiot-tradicionalen-vez-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg