Двајца Македонци го запознаа Лук од Emily in Paris: „Во реалноста е уште пошармантен“

Македонскиот фотограф Стефан Соколовски и нашиот оперски пејач Иван Наумовски, на два различни дела од светот, неодамна го запознаа шармантниот Лук од серијата Emily in Paris и за CRNOBELO.com раскажаа за своите средби со него.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-01.jpg

Серијата Emily in Paris веќе неколку години е еден од најголемите хитови на Нетфликс, а меѓу омилените ликови е Лук - чудниот, но допадлив Французин кој освојува со својот шарм и наивна искреност.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-09_copy_copy_copy.jpg

Токму него, актерот Бруно Гуери, кој го глуми Лук, во текот на летото го запознаа двајца Македонци - фотографот со интернационална кариера Стефан Соколовски и оперскиот пејач и професор Иван Наумовски.

Стефан (познат како BadStef) се сретна со Лук во Милано на средината на летово, а Иван се фотографираше со Гуери во Њујорк пред неколку дена, на аеродромот JFK.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-06_copy_copy.jpg

Сега, за CRNOBELO.com, тие раскажаа за своите кратки средби со францускиот актер и впечатокот што им го оставил.

И иако го сретнале во различно време и на различни локации, и Иван и Стефан се согласуваат во едно - дека Бруно Гуери во реалноста е уште пошармантен отколку во серијата.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-08_copy.jpg

Стефан го сретнал Гуери во Милано, каде што последниве години патува често поради работата и бројните фотосесии за познати брендови и модни дизајнери.

За својата средба со Лук, Стефан вели:

„Бев на состанок со агентка од позната модна агенција во мојот омилен локал и хотел Portrait Milano, за да договориме нова соработка за фотосесии за време на Модната недела во Милано оваа есен. На масата до нас седеше Лук.

На прва не го препознав, но пред излегување сфатив дека е тој.

Веднаш му пристапив и му кажав дека едвај ја чекам новата сезона на Emily in Paris (во тоа време имаше само најави за премиерата во август 2024) и му кажав дека е еден од моите омилени ликови во серијата бидејќи е многу специфичен.

Тој беше многу пријателски настроен, ми се заблагодари за вниманието и кажа дека имаат снимено одлични нови епизоди.

Интересно беше што откако се фотографирав со него, луѓето кои седеа во близина почнаа да стануваат, па и тие го прашуваа дали ќе сака да се фотка со нив, бидејќи сфатија кој е“.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-03.jpg

Иван, пак, го сретна актерот на аеродром во Њујорк. Оперскиот пејач во САД одржа концерт пред тамошната публика, заедно со пијанистката Ана Гацева, а ги придружуваше и композиторката Дарија Андоновска.

По 10 дена поминати во „Големото јаболко“, додека го чекал својот авионски лет, Иван случајно го сретнал Гуери во една од аеродромските продавнички.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-09_copy_copy.jpg

За својата средба, тој раскажува:

„После 10 дена поминати во Њујорк, време беше да се вратиме назад. Првите 3 дена ни поминаа во шетање и проби, односно подготовка за концертот, а потоа имавме уште 7 дена во кои ни се отвори нова врата од задоволства за малку поубаво да се запознаеме со Њујорк.

Сите викаат дека таму може да се сретнат многу интересни ликови на улица, па дури и познатите од Холивуд.

Јас не сретнав некоја светска ѕвезда низ улиците, но со моите колешки, кога ја поминавме пасошката контрола, прво што направивме беше прошетка низ терминалот на аеродромот и мал шопинг, зашто имавме 3 часа чекање пред полетувањето.

Се разделивме, а јас влегов во една навидум ‘скромна’ продавничка со малку артикли. Со мене истовремено влезе еден тенок човек со разбушавена седа коса, но мошне елегантно дотеран и со едно скапо куферче.

Се помислив неколку секунди од каде го знам уствари човекот, кога еден постар маж покрај мене го впери прстот кон него и ѝ покажа на сопругата: „Види, глумецот од онаа серијата, Emily in Paris“.

Тука веќе ми беше сè јасно. Сакав да бидам учтив и се доближив да го прашам дали е можеби тој актерот, иако беше јасно дека е тој.

Се насмевна и тука веќе ептен заличи на Лук. Му дадов комплимент за одличната работа која ја прави во серијалот и го прашав дали е во ред да се сликаме.

По прашањето уште повеќе се насмевна и рече: „Секако“.

И така, покрај десетте нереални дена поминати во Њујорк со успешен концерт, сега имам уште една интересна приказна за споделување - овој пат од терминалот 1 на аеродромот JFK, со Лук од Emily in Paris“.

dvajca-makedonci-go-zapoznaa-luk-od-emily-in-paris-vo-realnosta-e-ushte-posharmanten-02.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Иван Јованов ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата, на свадбата на нејзината сестра во Охрид Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на млад...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg