Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес код (фото)
Музиката беше еден познат штипски бенд, кој придонесе за убавото расположение на гостите и опуштената атмосфера.
Интересен беше и говорот кој беше краток во стилот на темата: 'Почитувани роднини, пријатели, колеги, соработници, мои драги гости, се собравме тука во оваа широка прерија, за да го прославиме мојот роденден.
Вечерва секој од нас е како блескава ѕвезда на ноќното небо, а вашето присуство ми значи повеќе од златото во рударска јама.
Како што годините се движат низ нашите животи како диви коњи што трчаат низ отворените ранчови, така и нашето пријателство расте и се зацврстува, како верен каубој кој никогаш не ги напушта своите стада.
Ви благодарам што ми помогнавте да ја испланиран и реализирам оваа голема авантура, исто како што добриот каубој одржува мир и ред на својата прерија.
Вашата љубов и поддршка го прават секој ден да изгледа како незаборавно патување низ најубавите пејзажи на Дивиот Запад.
Да ја подигнеме чашата и да наздравиме, исто како што каубојот ја подига шапката за да го поздрави новиот ден. Ви благодарам што сте дел од мојата приказна и за сите спомени што ги создававме заедно.
За крај би ја споделила мојата роденденска желба со вас, нека има уште многу години заедничко патување низ залезот на сонцето!'
Храната беше превкусна и во склоп на штипските специјалитети!“
Повеќе фотографии од уникатниот роденден на Марина во продолжение:
Спирова С. | Црнобело