Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес код (фото)
Поголемиот дел сама го организирав, но имав и голема поддршка од блиски пријатели, а и за секој детаљ одобруваа и моите 3 деца. Многу им благодарам за несебичната поддршка!
Сите со воодушевување ја прифатија поканата и ја поздравија оваа несебична идеја.
Глетката беше прекрасна, бев презадоволна од моите многу каубои на едно место.
Имав дрес код за облекување, и многу сум задоволна што сите гости се потрудија да се подготват и да го испочитуваат.
Искрено, имаше многу интересен период во самите подготовки, на сите им беше забавно што се консултиравме едни со други – проследено со многу смеа и радост и шеги.
На самата роденденска забава мислам дека сите гости се чувствуваа прекрасно и возвишено, тоа беше една волшебна ноќ, што сите долго ќе ја паметиме!
За мојот аутфит се погрижија 3 луѓе со рачна изработка на фустанот, а за декорациите на рацете и деталите во косата за да бидат во тон со сандалите, се погрижи близок пријател.
Шеширот за оваа пригода ми пристигна од Англија, од блиски пријатели.
Да не бидам себична - многу луѓе учествуваа во подготовката за да изгледам така волшебно.
Каубоите и атракцијата со коњот ми беа подарок од еден пар гости на забавата и беа целосно изненадување, не само за мене, туку за сите гости.
Никој не го очекуваше вистинскиот коњ, и беше прекрасна атракција и уживање!