Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес код (фото)
- Детали
- среда, 18 септември 2024
„Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев мала, мојот дедо имаше и го обожавав“, раскажува штипјанката Марина за уникатната забава по повод нејзиниот 45-ти роденден.
Марина Гичова од Штип направи уникатна прослава за нејзиниот 45-ти роденден инспирирана од Дивиот Запад и каубоите.
Со каубој на коњ, торта со тематска декорација, но и дрес код за гостите, забавата на Марина го оживеала духот на Дивиот Запад.
Марина, која е косопственик и управител на приватна компанија, вели дека отсекогаш ги сакала коњите, па ова ја инспирирало за темата на забавата.
„Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги обожавам коњите.
Кога бев мала, мојот дедо имаше коњ по име Звезда и го обожавав, а за забавата сакав да направам интересна тема со стил на облекување не само мој, туку и на гостите“, вели Марина.
За организацијата, декорациите и нејзиниот каубојски аутфит, Марина раскажува за CRNOBELO.com:
„Прославата по повод роденденот се случи во едно волшебно место кое се вика The pool.
Овие прекрасни моменти ги споделив со околу 75 гости кои беа дојдени до различни градови, како Гевгелија, Скопје, Виница, Кочани, Велес, Крива Паланка, па дури и од Бугарија!
Поради специфичноста и уникатноста, подготовките и организацијата околу самиот роденден траеjа неколку седмици.
На секој детаљ и момент се посвети посебно внимание, почнувајќи од самата покана, до изборот на местото за прослава, костимот, кетерингот, како и комплетната декорација.
Декорацијата ми ја изработи фирма за декорации. Првите идеи им ги дадов како насока, но со заедничка соработка, успеавме да ја достигнеме целосната замисла.
Во декорацијата беше ставена домашна уметничка слика.
Имавме мал проблем со седло за коњ, но за среќа успеавме да го обезбедиме од Битола.