„Дуња ти беше џин со добро срце“ – Активистката Тина Мицковска со емотивна објава по смртта на слоницата во ЗОО

„Веќе беше сенилна... Знаеше на моменти да свириш со сурлата во празно како што тоа си го правела на усните хармоники во циркусот. Тогаш срце ми се кинеше кога ќе те видев...“ – вели во својата објава поранешната портпаролка на ЗОО Скопје, вљубеничка во животните и активистка, Тина Мицковска, која се прости од слоницата Дуња.

ne-znam-kolkupati-zhiva-te-preplakav-emotivna-objava-za-smrtta-na-slonicata-od-poraneshnata-portparolka-na-zoo-skopje-01.jpg

Во последните неколку дена на социјалните мрежи се ширеа потресни видеа од мртвото тело на слоницата Дуња, по што се огласија и од Зоолошката градина, со објаснување дека ниту еден третман, ниту операција не можел да ја спаси, а откако биле контстататирани повеќе здравствени проблеми, кои се типични за 60-годишна слоница, одлуката на сопствениците од Белгија и од стручниот меѓународен тим била таа да не страда.

Потресната вест погоди многумина, а најмногу вработените, кои секојдневно имале можност да се грижат за животното.

На социјалните мрежи се огласи и поранешната портпаролка на ЗОО, вљубеничка во животните и активистка, Тина Мицковска, која имала можност да биде со Дуња од првите денови кога таа била донесена во Скопје.

Како што вели, уште од првиот миг кога се запознале, Тина била свесна дека деновите на двата слона им се одбројани и дека веднаш требало да почне психички да се подготвува за разделба.

ne-znam-kolkupati-zhiva-te-preplakav-emotivna-objava-za-smrtta-na-slonicata-od-poraneshnata-portparolka-na-zoo-skopje-02.jpg

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Тина во целост:

„Уште во 2018 година кога првпат се запознавме се спремав психички за овој ден бидејќи уште тогаш кажаа дека годините ти се броени, но за жал никогаш не се подготвив да те испратам, а и не успеав затоа што не сум во Скопје...

Ќе речат старост, години колку човечки 100, но, љубовта што ти ни ја даваше секојдневно е ненадоместлива... Ќе им фалиш најмногу на Боки и Виктор кои за тебе се грижеа секојдневно, а и на сите нам на кои ни беше омилена.

Сите те разгалувавме бидејќи беше најстара жителка заедно со баба Мими шимпанзото, сите внимаваа да имаш комфор, мир и спокој со оглед на мачниот живот што го имаше во минатото.

ne-znam-kolkupati-zhiva-te-preplakav-emotivna-objava-za-smrtta-na-slonicata-od-poraneshnata-portparolka-na-zoo-skopje-03.jpg

Од бебе окована во синџири, принудена на циркуски точки и злоупотребувана за забава на циркуска публика, со живот поминат во вагон и патувања во студени краишта како Шведска, Германија, Норвешка заедно со твојата неразделна другарка Даела...

Беше најголемата азиска слоница во Европа според Гинисовата книга на рекорди, но исто така и една од најстарите во светот. Доживеа длабока старост, овде во Скопје, но болката е преголема зошто, ти беше животно со многу емоција во себе, небаре детенце со добра душа.

Од тебе научивме многу работи, за тоа што е другарство, што е љубов и што е сочувство.

Последните неколку години кога веќе почна да те фаќа сенилност знаеше на моменти да свириш со сурлата во празно како што тоа си го правела на усните хармоники поставени под шаторското крило на циркусот.

Тогаш срце ми се кинеше кога ќе те видев...

ne-znam-kolkupati-zhiva-te-preplakav-emotivna-objava-za-smrtta-na-slonicata-od-poraneshnata-portparolka-na-zoo-skopje-04.jpg

Не знам колку пати жива те преплакав за овие шест години, а можеш да замислиш како ни е сега на сите што те сакавме и колку солзи има за тебе. Ќе бидеш сега во рајот на слоновите, слободна без оковите на минатото.

Најмила Дуња, џинот со добро срце - те сакаме...

П.С. Ве молам, може да пишувате сѐ, но немојте само навреди за моите колеги кои даваат сѐ од себе за животните, а особено за Дуња цел изминат период и овој момент не скрши тотално... “

Уште во 2018 година кога првпат се запознавме се спремав психички за овој ден бидејќи уште тогаш кажаа дека годините ти...

Posted by Tina Mickovska on Wednesday, August 7, 2024

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg