Запросување на Македонка пред Фонтана ди Треви во Рим: „Фрлањето парички функционира – се вратив од Рим со прстен“

Според легендите, се верува дека ако фрлите една паричка во Фонтана ди Треви, пак ќе се вратите во Рим. Ако фрлите две парички, ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот, а ако фрлите три парички, наскоро ќе стапите во брак. Ирена од Скопје претходно имала фрлено парички во фонтаната, а сега на истото место доби запросување од соништата.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-01.jpg

Ирена од Скопје долго ќе го памети годинешното патување со дечкото во Шпанија, кога попатно, враќајќи се кон Македонија, добила запросување од соништата, на едно од најромантичните места во светот, пред Фонтана ди Треви во Рим, Италија.

За читателите на CRNOBELO.com, Ирена раскажува повеќе детали од запросувањето и ја споделува својата романтична приказна, како сосема неочекувано, свршеникот Бојан клекнал на едно колено пред неа и ѝ приредил изненадување што долго ќе го памети.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-03.jpg

Како што вели, таа и Бојан веќе 4 години се во врска, а како голем број други парови, веќе имале разговарано за следниот чекор во нивната врска, но таа не очекувала дека наскоро ќе добие прстен и понуда за брак.

„Ние обожаваме да патуваме и сме големи авантуристи.

Патувањето беше планирано неколку месеци однапред.

Нашето патување беше во Шпанија, го шетавме јужниот дел и посетивме прекрасни места: Севиља, Малага, Марбеља, Нерха, Кордоба…

Последниот ден од одморот беше планиран за Рим. Всушност, летот за враќањето дома ни беше преку Рим, па имавме цел ден да го шетаме градот“ – раскажува Ирена.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-04.jpg

Она што го прави особено важно и романтично патувањето во Рим е фрлањето парички во Фонтана ди Треви, а според легендите, се верува дека ако се свртите со грб кон фонтаната и со десната рака преку левото рамо фрлите една паричка, пак ќе се вратите во Рим.

Ако фрлите две парички, ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот, а ако фрлите три парички, наскоро ќе стапите во брак.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-09.jpg

Ирена воопшто не ни претпоставила дека паричките што ги фрлила на претходното патување во фонтаната во Рим може да ѝ ги остварат желбите...

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-10.jpg

Таа вели дека Бојан тој ден изгледал мошне природно и опуштенo, па не можела ниту да претпостави што следува.

„Вешто ги скрил емоциите, така штo немав никакво сомневање.

Најпрво бевме на ручек и се договаравме што прво ќе посетиме. Прво од местата за посета во Рим ни беше Фонтана ди Треви.

Кога стигнавме во близина на фонтаната, ме фати преголема возбуда, чувство што не се опишува, но сепак не претпоставив што ме очекува.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-05.jpg

Јас претходно сум била во Рим и на патувањето му ја кажував приказната на Бојан за фрлањето на трите парички и значењето.

Баш си помислив, фрлањето парички функционира, вторпат се враќам во Рим без да претчувствувам дека во тој момент ќе бидам запросена и ќе се оствари третата желба.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-08.jpg

Пред да се случи запросувањето, му го дадовме телефонот на еден дечко да нè снима како заедно фрламе парички, а наместо фрлање парички, добив прекрасен прстен.

Бев во шок и не ми се веруваше“ – раскажува таа.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-07.jpg

Ирена вели дека во тој миг се чувствувале прекрасно, затоа што луѓето присутни околу фонтаната почнале да ракоплескаат и да го снимаат романтичниот момент, а сето тоа придонело целата атмосфера да биде уште поромантична.

„Бојан се подготвувал пред нашето патување.

Прстенот го носел цело време со него и го чекал вистинскиот момент.

Според мене, од сите места што ги посетивме, го одбрал најубавото место бидејќи Фонтана ди Треви има навистина убава приказна“ – вели Ирена.

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-06.jpg

zaprosuvanje-na-makedonka-pred-fontana-di-trevi-vo-rim-frlanjeto-parichki-funkcionira-se-vrativ-od-rim-so-prsten-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg