Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Синот на Дани Димитровска дипломира на престижен универзитет во Холандија, пејачката горда на неговиот успех

„Академски граѓанин. Школството е завршено“, напиша Дани гордо и сподели фотка со синот Лазар (23), кој заврши студии на Универзитетот за применети науки Fontys во Ајндховен.

sinot-na-dani-dimitrovska-diplomira-na-prestizhen-univerzitet-vo-holandija-pejachkata-gorda-na-negoviot-uspeh-01.jpg

Лазар, синот на пејачката Дани Димитровска, дипломира во Холандија. Тој студираше на престижниот Универзитет за применети науки Fontys, кој е со седиште во Ахјндховен.

Дани, која изминативе години често одеше во Холандија да го посети, не ја пропушти можноста да биде покрај него на големиот ден - доделувањето на дипломите.

Пејачката на Инстаграм Стори објави фотографија со синот, на која го бакнува и откри дека Лазар си ја зел дипломата.

„Академски граѓанин. Школството е завршено“, напиша гордо таа на една од ретките фотки со синот.

sinot-na-dani-dimitrovska-diplomira-na-prestizhen-univerzitet-vo-holandija-pejachkata-gorda-na-negoviot-uspeh-04.jpg

Со Дани, на церемонијата беше и нејзиниот партнер, некогашниот кошаркар Горан Веселиновски.

sinot-na-dani-dimitrovska-diplomira-na-prestizhen-univerzitet-vo-holandija-pejachkata-gorda-na-negoviot-uspeh-02.jpg 

Инаку, Лазар оваа есен ќе полни 24 години. Тој е роден 2000-та година, од првиот брак на Дани со Јоцо, со кого се разведе уште додека Лазар беше мал.

Тој не сака многу да се експонира во јавноста и Дани многу ретко објавува фотки со него.

Но, во текот на неговото студирање, таа често го посетуваше и заедно одеа на различни туристички дестинации, па пејачката во тоа време со своите фанови споделуваше интересни моменти од нивните патувања.

Погледнете повеќе фотографии од Дани и Лазар:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дани Димитровска: „Станав мајка на 21 година, сите мои другарки излегуваа во град, јас бев дома со г... „Факт е дека не го гледав бебето сама, имав два пара баби и дедовци, кои секогаш...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg