Ја помниме по улогата на „Билкарката“ во „Бушава азбука“ – Како изгледа денес Мими Таневска?
- Детали
- недела, 16 јуни 2024
Минатата година се пензионира, а играше и во филмот „Те дуа, жими мене“. Како изгледа денес актерката Мими Таневска, која е длабоко навлезена во седмата деценија од животот, но ја помниме по улогата во „Бушава азбука“?
Нашата актерка Мими Таневска Србиновска (67) во 80-тите години на минатиот век се појави во улогата на билкарката во мега-популарната серија „Бушава азбука“, и беше меѓу актерите што оставија најсилен впечаток.
Благодарение на неа уште од најмали нозе ги учевме имињата на растенијата и билките, а сите се сеќаваме дека беше лудо вљубена во Тарзан.
Мими играла во голем број претстави на штиците што живот значат низ Македонија, а до 1999-та година беше редовен член на актерскиот ансамбл во Македонскиот народен ансамбл.
Во 2011-та година таа станува вонреден професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Таа работеше како професор и беше декан на Факултетот за драмски уметности сè до 2023-та година, кога замина во пензија, а нејзините колеги, студенти и пријатели ѝ приредија посебен настан во чест на завршувањето на нејзината кариера.
Минатата година таа се појави и во филмот „Те дуа, жими мене“, каде ја толкуваше улогата на Соња.
Мими во својата кариера добила повеќе награди. Таа е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, повеќепати ја добила наградата за најдобра женска улога на Македонскиот театарски фестивал во Прилеп, а исто така ја освоила и престижната Стериина награда за актерски остварувања.
Годинава Мими, по пензионирањето доби уште една престижна награда.
Од страна на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, таа ја доби „Наградата за животно дело“, која им се доделува на поединците што со својата посветеност и работа дале голем придонес во развојот на македонската култура.
Да се потсетиме на емисијата „Бушава азбука“ со која израснаа голем број генерации:
;Б. С. Б. | Црнобело