Жарко Димоски направи крштевка за синот: Сопругата Андреа со впечатлив стајлинг, актерот запеа на забавата
- Детали
- среда, 05 јуни 2024
„Си поминавме екстра. Крштевката беше во црквата Св. Јован во Козле, а оттаму заминавме во Камник. Организацијата беше на Андреа во целост“, откри актерот Жарко Димоски за CRNOBELO.com.
Актерот Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа му направија крштевка на синот Вито, а потоа и забава со најблиските за да го прослават неговото крштевање.
Актерот, неговата сопруга и синот, кој на 15 август ќе прави 1 годинка, беа облечени во бело.
Посебно внимание привлече стилот на Андреа, која избра бел фустан на прерамки и елегантен шешир во стилот на англиската аристократија.
По забавата, Жарко откри неколку детали за CRNOBELO.com:
„Си поминавме екстра. Крштевката беше во црквата Св. Јован во Козле, а оттаму заминавме во Камник. Организацијата беше на Андреа во целост“.
Забавата ја направија на отворено, под ѕвездено небо.
Во средниот дел на терасата беше поставена маса украсена со бело и жолто цвеќе, а на секоја чинија имаше по едно зелено јаболко и името на гостинот.
Забавата траеше до доцна, а во еден момент Жарко им се придружи на музичарите, па запеа за мерак на гостите и ја реазгоре атмосферата меѓу најблиските.
Повеќе фотографии од забавата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм