Позитива на денот: Телеком постави куќичка за бездомни кучиња пред своја продавница во Скопје
- Детали
- петок, 05 април 2024
Денот на бездомните кучиња го одбележуваме со позитивна вест! Во центарот на Скопје, пред продавницата на Телеком е поставена магента куќичка за бездомни животни, а едно од многуте кучиња веќе се сместило покрај неа.
На 4-ти април се одбележува Светскиот ден на бездомните животни со цел да се зголеми свеста за нив.
Бездомните животни не се непозната појава ни кај нас, па затоа љубителите на животни апелираат за нивно вдомување, наместо купување.
А, за среќа, постојат и некои компании кои покажуваат дека навистина се грижат за животните.
Една од нив е Телеком која неодамна направи прекрасен гест, а дефинитивно ни го разубави денот.
Додека некои ги бркаат уличните кучиња, од Телеком поставија куќичка за бездомни кучиња пред една од нивните продавници.
И тоа, куќичката е во тон со препознатливите бои на брендот, а едно улично куче веќе се сместило покрај неа и за него се грижат вработените во продавницата.
Посакуваме повеќе вакви вести да ни го разубавуваат денот!
Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.