Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“
Како го минувавте времето кога децата беа помали, а како денес?
Од ден во ден сè е различно. Тие растат, се менуваат, растеме и ние со нив.
Гледам кога сме заедно, да сме некаде надвор во природа, да ја запознаат Македонија, планините, езерата.
Ги носам често во Љубојно, од каде што потекнувам. Таму возат велосипеди, имаат поголема слобода бидејќи нема многу сообраќај.
Мислам дека слободата е најскапото нешто на светот, а јас сакам да им го пружам тоа, да чувствуваат дека се слободни.
Колку се навикнаа тие на животот во Македонија, особено Михаил, кој подолго време живееше во Америка?
Не му беше лесно да се навикне. Мислам дека кога се вративме тој доживеа културен шок. Дечињата кај нас се такви какви што се, најмногу заради општеството и менталитетот.
А тој доаѓа од средина каде сè е подредено на некои правила, има ред, култура на поинакво ниво.
Тој е од оние деца кои секогаш сакаат да се извинат ако направат грешка, и чудно му е кога неговите врсници не го прават тоа.
Затоа јас некогаш знам да кажам дека од Запад, дојдовме во див запад.
Имаш два сина... Сакаше ли, сепак, можеби ќерка пред да се родат тие?
Сега сакам ќерка. Гледајќи ја сопругата, бидејќи има сестра, како тие се грижат околу својот татко, тоа е бесценето.
Да, сега сакам ќерка, кога ќе остарам да има некој да се грижи за мене.
Која ти е најстресната работа поврзана со татковство?
Најмногу ме загрижува иднината за нив. Иако имаат многу голем плус со тоа што имаат американски документи и американско државјанство и со тоа имаат една врата отворена кон целиот свет.
Но, мојата идеја е да останат тука, во Македонија, тука да си ја градат иднината.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело